сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Вести

Граѓаните се гушат: И вечерва најзагаден е воздухот во Кавадарци

Граѓаните се гушат: И вечерва најзагаден е воздухот во Кавадарци

И вечерва е најзагадено во Кавадарци со измерени 496 ПМ 10 честички на метар кубен, или 9 пати над дозволеното ниво. Граѓаните и вечерва се гушат во загаден воздух покажуваат мерните станици ширум државата.

Имено, вечерва мерните станици покажуваат висока загаденост на воздухот во Кавадарци со измерени 496 ПМ 10 честички на метар кубен што е за дури 9 пати повеќе од дозволеното ниво.

Веднаш по Кавадарци е општина Битола со измерени 318 ПМ 10 честички, па Куманово со 243 ПМ 10 честички. Скопско Лисиче со 229 ПМ 10 честички на метар кубен, додека во општина Гостивар се измерени 216 ПМ 10 честички на метар кубен.

Локалните и централните власти и понатаму остануваат неми на овој проблем кој поради корона пандемијата е во втор план а претставува и понатаму голема опасност по здравјето на граѓаните.

Коронавирус