четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 213
home Вести

Граѓаните револтирани бараат правда за Никола, еве што порача таткото на убиеното момче (ВИДЕО)

Граѓаните револтирани бараат правда за Никола, еве што порача таткото на убиеното момче (ВИДЕО)

Правда за Никола Христовски  побараа стотина граѓани во знак на револт поради ниската затворска казна за неговиот убиец.

Тие со неверување ја слушнале судската пресуда на Скопскиот Кривичен суд со која убиецот на 17-годишното момче, со иницијали А.Т. е осуден на само 3 години затворска казна. Деветнаесетгодишниот  А.Т. ја доби ниската казна затоа што е осуден за дело убиство во миг за што следува казна од 1 до 5 години.

Родителите на убиеното момче се сомневаат во непристрасноста на судот и обвинителите, пред се поради фактот што делото од убиство, било преквалификувано во убиство во миг и зошто биле сменети, како што тврдат дури тројца јавни обвинители.

-Овде сме собрани за мојот син да изразиме барање за правда,  затоа што од самиот старт од водењето на случајот од страна на обвинителството до крајот се сменија тројца обвинители. Од првиот обвинител се до јануари месец, според мои информации што јас си ги дознавав, во јануари месец се прави некое медицинско вештачење на сторителот на кривичното дело и актот преминува од убиство во убиство во миг со умисла, вели Игор Христовски –родител на убиеното момче.

Инаку убиството се случи лани на 14 август на улицата Февруарски поход, во паркот на музиката во населбата Ново Лисиче, каде расправија меѓу група тинејџери и А.Т. се претвори со физичка пресметка, во која со нож во гради беше прободен 17-годишниот Никола. Тој итно беше префрлен во болница, но поради сериозноста повредата таму почина. Убиецот А.Т. беше веднаш фатен и уапсен.  За убиството сведочи и снимка на која се гледа и слуша како голема група на тинејџери се расправаат а оддеднаш едно од децата паѓа на земја, за кое се претпоставува дека е убиениот Никола.

Извор:АЛФА

Најнови вести

Локални избори 2021