вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 167
home Вести

Граѓаните разочарани од премиерот: После ова интервjу, единствено што треба е Заeв да се прати на Голи Оток

Граѓаните разочарани од премиерот: После ова интервjу, единствено што треба е Заeв да се прати на Голи Оток

Не стивнуваат реакциите на граѓаните по интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската телевизија БГНЕС, во кое тој прави огромни отстапки од македонските национални интереси кон Бугарија и јавно се откажува од многу праша, како македонското малцинство во Бугарија.

Тој во интервјуто јасно кажува дека за време на Втората светска војна не била окупирана од фашистичка Бугарија дека таа била ослободена од страна на бугарската администрација. Тој зборуваше и за македонскиот јазик за кој вели неговата Струмица и бугарскиот град Петрич зборуваат на ист јазик.

По ова интервју на Заев, во Македонија избувна експлозија на реакции од страна на граѓаните, професори, интелектуалци, професори, влијателни луѓе од јавниот живот, но и негови коалициони партнери, како Лилјана Попова од политичката партија ДОМ.

Заев предавник, срам за македонскиот народ, ја продаде и историјата, јазикот и идентитетот се дел од бурните реакции на револтираните граѓани кои пишуваат на социјалните мрежи.

Еден револтиран граѓанин пишува дека после ваквото интервју и замижување на историските факти, за кои се уште има живи луѓе кои ги сведочат, единствено што Зоран Заев заслужува е да се прати на Голи Оток, каде што во време на Југославија се праќаа луѓе на робија.

„И дефинитивно типки како Заев моментално, Захариева и слични треба да се пратат на Голи Оток… Гајле ми е кој како ќе ја тумачи т.е разбере мојата мисла, ама мислам дека сепак доста е лигавење и премижување на историјата која е поинаква а борците од „четирсдруга и четирстрета“ уште ни се живи!!! Се разбираме неписмени? Порано од кецораши мака, сега од двојкаши… Со сила пријателство не бива!!!“, пишува на социјалната меража Фејсбук, револтиран граѓанин.

Коронавирус