понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 150
home Вести

Граѓаните преку масовен протест и порача на власта дека нема да дозволат да владее мафијата во Македонија

Граѓаните преку масовен протест и порача на власта дека нема да дозволат да владее мафијата во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ вчера излезе на нов протестен марш во центарот на Скопје, кревајќи го гласот против реваншизмот и теророт врз граѓаните и политичките неистомисленици.

На протестот покрај обраќањето на лидерот на партијата Христијан Мицкоски, свое обраќање имаа и граѓаните кои посведочија за притисоците од оваа власт.

Јовановски: Два пати ми даваат отказ од работа за изречен став надвор од работното време

Моето обраќање ќе го започнам со говорот на  Методија Андонов – Ченто на Шаторов камен, Прилеп, Илинден, 2 август 1940 година прилагоден за 2020 година.

„За нашата слобода и правда само ние треба да се избориме. Не треба да веруваме на никого од страна. Нивните ветувања и поддршки се празни, затоа што нѐ поткрепуваат дури им требаме да ги остварат сопствените интереси, а потоа ги забораваат. Ние треба да му покажеме на светот дека сѐ уште ги немаме своите национални права, дека СДС се трудат да нѐ одродат и од нас да направат Грци и Бугари. Застрашувачки како и после 80 години од говорот на Ченто, ние не успеавме да го убедиме светот за своите национални права. Живееме во време на СДС и нивното “европско владеење на правото”, а тоа во мојот случај како администртивен службеник со 12 години искуство во јавен сектор и 10 години искуство во приватен сектор значи: Континуирано омаловажување, закани и притисоци со кривични и дисциплински постапки само заради мојата национална и етничка припадност, политичка припадност и синдикален активизам. Два пати да ми изрекуваат отказ од работа затоа што сум го нарушил сопствениот углед заради кое добивам отказ од работен однос. Веднаш после изборите не ме враќаат на работа и без никаков основ и правен акт после мирување на работниот однос само затоа што сум бил дел од техничката влада во кабинетот на дополнителниот заменик на министерот кој е предложен од ВМРО – ДПМНЕ, вели Јовановски.

Тој додава дека до пред 3 години во државната и јавна администрацијата имаше 95% стручни и мотивирани службеници и само 5% неработници, денес имаме 95% казнети, дискриминирани, омаловажени, условени, понижени и исплашени службеници и а замислете 5% привилегирани, нестручни и полуписмени уништувачи на институциите за кои 7 пати се менуваа: Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор, за да се избришат критериумите стручност и компетентност.

-Дека сериозно му пристапуваат на реваншизмот, СДСМ со нивното “европско владеење на правото” 2 месеци не постапува ниту еден инспекторат за мојот предмет, додека инспекцискиот совет, второстепени комисии, народен правобранител, невладин сектор и медиумите се само декор во новото хибридно општество во кое не можам да  го остварам елементарно и ноторно право од работен однос да се вратам после мирување. Замислете само доколку како реципроцитет и на ист начин се постапува во иднина и на сите избрани и именувани лица кои денес, после завршување на мандатот, да не можат да се вратат на претходните работни места и со месеци да бидат без плата, без здравствено осигурување, и без никаков правен акт едноставно да не ги примаат на рабoта и со едноставна изјава да им кажат: Нe доаѓај на работа вршите притисок. Браќа и сестри, „Стравот е страшен само за оние што му се плашат“. Јас се борев за совршенство во делокругот на моето работење и ќе продолжам по тој пат, но денес како македонец од Македонија се борам за слобода и за правда. Народот е заблуден, заслепен и излажан. Нашите идеолошки претходници лесно регрутирале нови борци за слобода затоа што независно од условите за живот, на повикот за слободна Македонија веднаш пристапувале. Денес Македонците ја игнорираат реалноста и поверуваа на ликови кои се прикажуваат како светци, а во суштина се крволочни волци. Затоа, наша е обврската да ја обзнаниме вистината и реалноста и да ја пренесеме на секој граѓанин:

  • правда повеќе не постои,
  • ниту едно семејство не е извлечено од сиромаштија, напротив се зголемува бројот на сиромашни,
  • безплатното образование стана привилегија на богатите а сиромашните се стигматизираат,
  • бизнисмените не го шират своето производство се борат како да ги покријат фиксните трошоци за да преживеат,
  • земјоделците повеќе пари ќе добијат ако ги зафати временска непогода одколку да го продадат својот производ,
  • во здравството останаа само аплаузите, а во културата се борат за минимална плата, вели Јовановски.

Тој потенцира дека сплотени и силни ќе го победиме злото, ќе ја вратиме слободата, ќе ја вратиме насмевката и единствена грижа ќе ни биде како да бидеме совршени во работата која сме ја одбрале. Слобода и правда за Македонија. Јас сум Горан Јовановски од Тетово и ја сакам Македонија! Да живее ВМРО-ДПМНЕ,  Да живее Македонија, заврши со своето сведоштво Јовановски.

Свое обраќање имаше и Кире Михаилов: Татко на малолетни деца, ме избркаа од работа затоа што напишав статус против власта

Добровечер драги сограѓани, соборци и добронамерници, но пред се Македонци. Јас сум Кире Михаилов од Струмица, еден во низата луѓе неистомисленици на оваа власт, кој поради тоа не најдовме на улица. Се сеќавате на Валандово и изјавата дека од чистачка до министер ќе не избркаат сите? Се сеќавате на изјавата дека живи луѓе ќе јаделе? Е токму тоа ни се случува, секојдневно во секоја институција, на секое поле ни се случува, рече во своето обраќање на протестот, Кире Михаилов.

-Работев во ЈП Македонски Шуми каде чесно и професионално си ја работев својата работа, работа од која ја издржував мојата фамилија. Меѓутоа замислете, избркан сум од работа заради еден фејсбук пост, и тоа во период кога бев на неплатено отсуство, т.е. не бев во работен однос, за жал тоа е реалноста во Македонија. За една напишана реченица против власта. Може ли да замислите до кај може да им оди умот и што може да направат и на што се се подготвени. За која демократија ние зборуваме, слобода на говор, што беше тоа ? Ова не е демократија, овде нема ниту слобода на говор, овде нема ниту човечност. Овде има реваншизми и терор. Ова што ми се случува мене е прогон врз мојата фамилија и лично врз мене затоа што не се согласувам со погубните политики на СДСМ и еве јавно како и до сега повторно ќе кажам дека не знаат што прават, и дека не само што е лошо, никогаш не било полошо. Ова се случува со секој еден кој што ќе се спротивстави на оваа власт на било кој начин, и ова го прават затоа што се плашат и на овој начин мислат дека ќе не скршат, но се лажат, ниту ќе не скршат, ниту ќе не предомислат, само ќе не мотивираат. Заев сака да се откажеме и да избегаме од државата, сите ние кои не се согласуваме и се спротивставуваме на неговите погубни политики за да може да го тероризира секој еден. Но тоа нема да се случи. Јас лично ќе се борам за Македонија затоа што сум Македонец и затоа што си ја сакам Република Македонија. Јас сум од Струмица и живеам во Струмица можам да ви кажам и гарантирам дека во Струмица со Заеви нема живот. Нема, затоа што цела Струмица е окупирана од нив. Никој не може да тргне на работа ако нема амин од Заеви, никој не може да почне приватен бизнис ниту да го работи доколку не е вмежен во нивниот октопод на бизниси. Тоа е реалноста во Струмица, тоа е реалноста која ја преточија низ цела Република Македонија. На ова насилие, раваншизам и терор мора да му се стави крај. И ќе му ставиме крај. Затоа, одовде и сега јасно и гласно да им порачаме на Зоран Заев и неговите послушници дека ќе не гледаат овде и секаде, сега и секогаш кога ќе биде потребно затоа што Македонија која  ним не им значи ништо, таа нам ни е сѐ, истакна Михаилов.

Ќе не гледаат додека не го го потрошиме и последниот атом од нас, затоа што Македонија ни е аманет на нас, затоа што Македонија ќе биде аманетот од нас. За крај да сте ми живи, здрави и долговечни, да ни е вечна организацијата, да ни е вечна и вековита Република Македонија! Додаде тој.

На маршот се обрати и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Се врши тортура и реваншизам, се бркаат луѓе од работа, тоа е знак на страв и слабост на мафијата на власт

-Благодарам што денеска дојдовте овдека да протестираме заедно против сите оние неправди кои што за жал се денеска секојдневие во нашата Македонија. Пред да започнам, ве молам користиме маските за да се заштитиме себе си и тие околу вас. И покрај заразата тоа што денес сме собрани овде укажува дека на народот му е прекипено и има вистинска мака, а таа мака денеска се вика мафија. Taa мафија донесе реваншизам по сите основи и терор врз обичниот човек. И тука не зборувам само за терор, притисоци и уцени врз ВМРО-ДПМНЕ, туку за реваншизам кон се што е различно од мафијата и различно од СДСМ. И овој протест го посветувам првенствено на стотиците, илјадниците луѓе кои трпат терор и мобинг на дневна основа само затоа што ја говорат вистината за мафијата. Ќе зборувам оваа вечер за вистински примери. И ќе набројам неколку случаи кои се еклантантен пример за ова и ќе ја замолам јавноста и медиумите да обрнат внимание на сето тоа. Затоа што тоа е последната брана преку која се обидуваат да ја зачуваат сопствената фотелја. А, фотелјата за нив значи пари, моќ, но и поважно одложување на тоа да се соочат со одговорност. Но иако тоа може малку да доцни треба да знаат дека од правдата нема да избегаат. И ќе се соочат со неа еден ден. Ви го давам зборот за тоа,  вели Мицкоски.

Тој додава дека а, сега почитувани браќа и сестри би сакал да споменам неколку примери кои што треба секој да ги знае, а кои што нели власта на дневна основа ги спроведува и тоа:

– Денеска можете да сретнете татко на три деца кој останал без работа само затоа што одбил да излезе и да гласа на последните предвремени парламентарни избори за коалицијата која што ја предводеше СДСМ.

– Самохрана мајка е оставена без единствените приходи и избркана од работа само затоа што одбила да биде дел од структурите на СДСМ и да земе членска книшка од СДСМ.

– Преместен на работно место од Скопје во Кичево на ископ на јаглен, за да сам си замине од работа затоа што гласно рекол дека Заев е криминалец. Му ги скратиле субвенциите затоа што излегол да протестира за парите кои министерството за земјоделие му ги ветило, а не го исплатило.

– Го дале на дисциплинска одговорност само затоа што бил забележан во спотовите кои што на изминативе предвремени парламентарни избори биле промотивни за Коалицијата која што ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ.

„Да не зборам за оние бројни стигматизирања, притисоци на дневна основа на луѓе кои се чесни и не мислат како власта. И не е само реваншизмот во државните институции, туку и теророт на мафијата секаде каде што таа може да допре. Имаме отпуштања од работа кај поголеми приватни фирми кои се блиски до власта. Да не зборам за уцените кои ги прават кон газдите на компаниите за да тие благонадежно одработуваат за истата таа власт. Ги чувме вечерва и Горан и Кире. Проговорија јавно затоа што нема што повеќе да загубат. И го бранат своето достоинство, својата чест и својот углед. А, како нив има стотици, да не речам илјадници. И знаете каква неправда е да избркате човек од работа поради став или мислење различно од вашето. Да ги оставите без корка леб кога за мафијата има милиони. Кога родител не може да обезбеди пристојна вечера за своите деца. Кога луѓе грамади плачат затоа што власта им ги уништува семејствата“, додава Мицкоски.

Тој во својот говор алудира дека нема да ги споменам имињата на жртвите од теророт иако им ги знам судбините, им ги знам маките и им ги знам страдањата. За секој еден од нив денес протестирам за да се чуе гласно за нивната судбината. Сакам сите да знаат овој терор и реваншизам се случува не затоа што е силна мафијата, туку затоа што се кукавици, и затоа што се уплашени. Тие се уплашени затоа што луѓето гласно говорат.

-А слична судбина ги чека и приватните компании, бидејќи ги слушнавме пред некој како Заев се фали дека имал стратегија за приватните компании, оние кои бележат загуби да ги остави да потонат, а на оние на кои локомотивите им влечеле напред ги вика да им помогнел. Такви локомотиви се плантажите за марихуана на бате Вице, а на сите други Заев им порача да не чекаат помош од државата туку да го стават клучот и да ја затворат вратата. Толку ниско падна премиерот што се фали колку универзитети, колку факултети затворил, а не колку отворил, затоа што нема такви со што да се пофали. Имаме силна дисторзија на вредностите во секакаков поглед. Тоа мора да престане. Мора да престане теророт врз луѓето. Мора да престане тие да губат работа затоа што се припадници на некоја партија или мислат поразлично од власта. И за сето ова ја повикувам и меѓународната заедница и таа иста меѓународна заедница која што се повикува на владеење на правото да излезе и да ги слушне овие човечки судбини, да слушне како денеска родителите солзи ронат затоа што не можат да обезбедат пристојна егзистенција за своите семејства, затоа што ги гледаат натажените лица на своите деца на кои што не можат да им обезбедат компјутер за да следат настава како што тоа го прават своите врсници затоа што имале само еден грев, биле активисти или ја подржувале опозицијата, или имале различно мислење од тоа кое што го има власта. Затоа ги повикувам и сите оние невладини или владини организации кои што денеска користат грантови, излезет поразговарајте и со Горан, и со Кире, но поразговарајте и со сите оние илјадници ваши сограѓани кои што денеска не знаат како ќе го поминат месецот. Разговарајте за нивната судбина, да видите зошто истите тие денеска протестираат овде. Протестираат овде затоа што протестираат против неправдата и маката која што е нанесена од СДСМ и Зоран Заев. Затоа што денеска се преместуваат луѓе од Скопје во Кичево, од Кичево во Битола, од Битола во Велес, од Велес во Делчево само затоа што се неистомисленици. Неистомисленици со власта. Затоа ве повикувам сите да ни се придружите и на следниве вакви настани. И на следните протести кои што ќе бидат од различен карактер и со различна содржина. Да се исправиме пред неправдите, да си ја земеме судбината во наши раце. Затоа што никој не може да ни помогне ако самите не си помогнеме, вели Мицкоски.

Тој додава деја нема да бидеме поблиску до Европската унија кога луѓе трпат тортура и реваншизам. Европа таквите перјаници и кукавици кои го прават тоа ги реди на маргините и со лицето свртено и соочено со правдата. Затоа како што кажав денеска протестираме од министерството за неправда до министерството за тортура, ова овде позади мене. За да кажеме дека народот го победил стравот и дека ќе паднат без оглед колку силно сега се држат заковани, залепени за нивните удобни фотелји. А, секој обесправен, се до последниот, без разлика дали таа тортура е кон Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Србин, Влав, Бошњак, Еѓипќанец и останатите да ми простат што не ги споменав наши сограѓани од различна етничка припадност, дали е ВМРО-ДПМНЕ или не е, може да се обрати до нашата партија и ќе наиде на отворена врата. Ние сме со народот, ќе ви помогнеме, ќе ве одбраниме и заедно ќе истраеме,  затоа што така заедно сме посилни и само така можеме заеднички да ја одбраниме Македонија.

Коронавирус