среда, 31. мај 2023. Вести денес: 53
home Вести

Граѓаните повеќекратно ќе ја плаќаат цената за тоа што Владата не може да обезбеди вакцини

Граѓаните повеќекратно ќе ја плаќаат цената за тоа што Владата не може да обезбеди вакцини

Додека премиерот на Албанија, Еди Рама најавува дека преку масовната вакцинација, туристичката сезона оваа година ќе биде отворена и безбедна и дека нема да се повтори ланската година, во Македонија туристичкиот сектор се спрема за уште една катастрофална сезона како во 2020.

Покрај хотелиерите кои се најпогодени, помош од Владата барааат и другите дејности од овој сектор. Тие бараат дополнителни мерки за спас на туризмот, бидејќи како што велат, со помошта која досега ја добивале од Владата не оспеваат да покријат ниту дел од загубите со кои се соочиле минатата година.

А, од друга страна Владата ја намалува помошта за овој сектор и оваа година нема да се делат ваучери за туризам како во претходната година кога по 6.000 денари добија граѓаните кои имаа приходи до 15.000 денари, а ова беше и од помош за туризмот.

Намалувањето на помошта е поради тоа што економијата не може уште да го издржи овој терет, но тоа што Владата можеше да го направи беше да почне навремено да работи за обезбедување на вакцини против КОВИД-19, а не да чека истите да стигнат по пат на донации. На тој начин Владата можеше да спаси повеќе човечки животи, што е најважно, но и наместо да дава поддршка на бизнисот истиот ќе можеше да се исправи на сопствени нозе. Но, како што се одвиваат работите со процесот за обезбедување вакцини кој оди претерано бавно, нема позитивни знаци дека нешто би се променило во блиска иднина, а цената за тоа повеќекратно ќе ја плаќаат граѓаните.

Според податоците на Државниот завод за статисика, во 2020 бројот на домашни и странски туристи се намалил за 60,5 отсто. Девизниот прилив по основ на туризам се намалил за 36,3 осто или речиси 150 милиони долари помалку пари споредено со 2019 година кога изнесуваше 395 милиони долари.