недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 82
home Вести

„Граѓаните поради нарушеното достоинство и неиспонетите ветувања ќе ја казнат власта“

„Граѓаните поради нарушеното достоинство и неиспонетите ветувања ќе ја казнат власта“

Во интервју за Македонското Радио, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски истакна дека бројот на разочарани граѓани од власта кои сакаат нејзина смена е драстично поголем од бројот на граѓаните кои се задоволни од неа.

Она што го забележуваме кај граѓаните е дека се навредени од односот на власта кон уставниот суверенитет на Македонија и нарушеното достоинство што го направија со договорот од Преспа, но морам да потенцирам дека оваа власт нема да падне првенствено заради тоа. Оваа власт на Заев ќе замине во политичката историја заради разочарувањето на граѓаните од ветувањата неисполнети во здравството, образованието, земјоделието, односот кон странските инвестиции, владеењето на правото и неспособните општини. Сметам дека ваквите реални проблеми на граѓаните ќе доминираат и во нашата кампања и тие ќе бидат пресудни и при определувањето на граѓаните на тоа кому ќе го дадат гласот за своја доверба- рече Милошоски.

Незадоволството на граѓаните, според Милошоски, ќе биде преточено во пресврт на изборите на 12 април 2020 година кој оди во прилог на опозицијата.

Коронавирус