понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 146
home Вести

Граѓаните порачуваат „Сугарeвски го даваме, Водно не го давамe“

Граѓаните порачуваат „Сугарeвски го даваме, Водно не го давамe“

Граѓаните на Скопје остро реагираат на социјалните мрежи против изградбата на гасоводот, со споделување на фотографии и видеа од, како што велaт, масакрот кој се случува на сртот на Водно.

Од иницијативата „Го Сакам Водно“ ја повикаа Владата на Република Македонија веднаш да ја повлече одлуката во врска со продолжување на изградбата на гасоводот чија траса мунува низ Водно, донесена во средата, на 22.08.2018 и ги повикаа Шилегов, Макрадули и Реџепи на јавна дебата па граѓаните да пресудат сами.

На социјалните мрежи исто така реагираше и Петар Георгиевски Камиказа кој утрово со својот велосипед се искачи Водно и порача дека го сака и не го дава Водно.

Академскиот вајар Сергеј Дамовски пак на својот Фејсбук профил порача дека од денес планината Водно не е веќе иста. Демолиран е сртот кај Бел Камен, штетата е непроценлива, тоа повеќе не може никако да се санира како што не лажат егзекуторите на Водно. Глетката е тешка и мачна. Тој сподели низа на фотографии и видеа на кои се гледа дека сечата е стигната до сртот кај Бел Камен.

На масакрот на шумата на Водно реагираа и организации кои не се поврзани со екологијаа, па така жестока реакција имаше и на официјалната Фејсбук страна на Центарот за Знаење од Скопје. Од таму велат дека новата гасоводна траса ќе ги загрози единствените бели дробови на градот и порачуваат „Сугарeвски го даваме, Водно не го давамe“.

-Драги наши скопјани. Сакаме на Водно по Здравје или по Болест?! Новата гасоводна траса ќе ги загрози единствените бели дробови на градот. Не е само до пошумувањето. Гасоводната инфраструктура е здравстен ризик. Тој потекнува од volatile organic compounds (VOCs) кои излегуваат од гасоводната инфраструктура и предизвикуваат рак, кардиоваскуларни болести и мани кај новороденчињата. #СугарeвскиГоДаваме # ВодноНеГоДавамe.

Коронавирус