понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 85
home Вести

Граѓаните понижени, навредени и гневни: „Заев прави велепредавство за кое еден ден мора да одговара“ (КОМЕНТАРИ)

Граѓаните понижени, навредени и гневни: „Заев прави велепредавство за кое еден ден мора да одговара“ (КОМЕНТАРИ)

Граѓаните понижени, навредени и гневни по последните чекори на Зоран Заев за кого сметаат дека ја распарчува Македонија.

Бугарското интервју ја прели веќе преполната чаша од погазување на СЕ што е македонско од страна на премиерот.

Бугарија не била фашистички окупатор туку некоја администрација имало. Премиерот Заев во интервју за БГ Нес вели дека Бугарите биле тие кои го ослободиле Куманово, Крива Паланка и Скопје од фашистите.

-Ние веќе заменивме повеќе од 20 табли во земјата, каде што беше напишано „бугарски фашистички окупатор“. Ова не е случај – Бугарија не е фашизам, Бугарија е наш пријател.Ова не е точно. Во тоа време, на почетокот, имаше администрација. После тоа, Бугарија се крена со антифашизам, се избори за слобода, за демократија и несомнено беше дел од антифашистичкиот фронт. Бугарските и македонските трупи ослободија територии – Крива Паланка, Куманово, целиот регион, Скопје и целиот овој дел. И ова е добар дел од нашата историја, рече Заев.

Но, овој политичар не покажа ни трошка срам или совест, туку напротив, на својот Фејсбук профил објави дека ги разбирам негативните емоции, па побрза да се претстави себеси како човек со добра намера и план за иднината на Македонија.

Еве дел од неговиот Фејсбук статус:

“Дозволете најпрво да изразам жалење што моето интервју за бугарскиот медиум предизвика толку силни негативни емоции, за кои сум целосно свесен и кои ги знам и разбирам до детал.

Но, во исто време имам обврска кон македонските граѓани да поттикнам придвижување кон решение на прашањата што се отворија со Република Бугарија и што станаа пречка за одобрување на рамката за преговори со Европската Унија.

И двата народа, и Македонците и Бугарите, треба да се соочиме со тие прашања од историјата и да развиеме и одржиме капацитет за разбирање и за простување.

Европските народи се договорија да не заборават, но да си простат. Заради иднината. Заради заедничката иднина во Европската Унија која е пример како во име на иднината, најдлабоките разлики и историски конфликти беа оставени во минатото.

Тоа е мојата најдобра намера и таа намера постојано ќе ја застапувам додека постои и најмала шанса за решенија и за успех на нашиот процес за членство во ЕУ со старт на преговорите.

Нашата државност почива на делата на антифашизмот. Нашата слобода е резултат на антифашизмот“- напиша тој.

На социјалните мрежи се соочи со гневот на народот. Граѓаните со остра реторика кон премиерот. Меѓу другото, го нарекуваат велепредавник и му порачуваат дека еден ден ќе мора да одговара за тоа што го прави на Македонија.

Во пренесуваме мал дел од тие коментари:

Коронавирус