четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 175
home Вести

Граѓаните осиромашуваат: Со една просечна плата денес се купуваат 123 литри дизел помалку од лани

Граѓаните осиромашуваат: Со една просечна плата денес се купуваат 123 литри дизел помалку од лани

Речиси на секои 2 недели граѓаните на Република Македонија доживуваат ценовен шок од поскапувањето на бензините. Дополнителната акциза од 3,5 денари наметната од страна на СДСМ веднаш по преземањето на власта веќе почна да го парчосува и онака нискиот стандард на граѓаните. Вакво галопирачко поскапување на бензините гледајќи ги светските берзи се очекува и во наредниот период. Експертите веќе со месеци нанзад предупредуваат дека инфлацијата почнува да го пробива плафонот. Доволно е да се појде во било кој маркет во државава и ќе се види онаа инфлаторна спирала. Но не се само цените во прашање. И стопанстово почнува да трпи од зголемувањето на цената на бензините а со тоа и целокупната економија. Штета веќе почна да се пребројува. Според некои проценки таа ќе изнесува над 35 милиони евра и најмногу ќе ги погоди превозниците и транспортерите. Граѓаните од внатрешноста веќе почнаа да го чувствуваат зголемувањето на цените на услугите. Речиси и да нема линија која се обраќа до другите градови што не е покачена, а ако вака продолжат сигурно дека цените ќе одат дополнително нагоре.

Она што е загрижувачки е со која леснотија дизелот, најзастапениот енергенс во Македонија кога се работи за транспортните услуги се вивна во рок од една година. Во 2017-та година дизелот изнесуваше 46 денари за литар дизел. Денес тој изнесува 65 денари, зголемување од речиси 40% за една година или зголемување од речиси 20 денари. Дополнителен притисок направи и акцизата што ја воведе СДСМ од 3,5 денари под изговор дека на тој начин ќе се дестимулира возењето на дизел возила и ќе се вложува во заштита на животната средина. Нормално ова зголемување служи само за полнење на буџетот со оглед дека во заштита на животната средина се одвоени рекордно ниски средства.

Но да се вратиме на бројките. Во март месец минатата година просечната плата изнесувала 22.445 денари. Со овие пари можело да се купи речиси 487 литра дизел. Денес просечната плата за март месец изнесува 23.694 денари ( ова се последните податоци од завод за статистика) може да се купи 364 литра бензин. Тоа се 123 литра дизел помалку на годишно ниво. Ваквите пресметки покажуваат катастрофално зголемување на цената на дизелот што особено ќе ги погоди превозниците, транспортерите и градежниците со оглед дека најзастапени возила што тие ги користат се дизел возилата.

Пресметките кај обичниот граѓанин исто покажуваат дека зголемувањето е евидентно. На пример ако просечен граѓанин одвојува 2500 денари за дизел гориво во 2017-та година ќе можело да се наполни 54 литри на дизел гориво или 1040 денари повеќе од денес. Со новото поскапување тоа се 38 литри дизел или 16 литри помалку на месечно ниво односно 192 литри дизел на годишно ниво што во бројка ќе му дојде околу 12 илјади денари повеќе пари што треба да ги одвојат граѓаните.

Ако 12 илјади денари го чини едно просечно семејство годишно покачувањето на дизелот или 1000 денари месечно, а во Република Македонија имало регистрирано 163.038 дизел возила и доколку ова се помножи со 12 илјади денари плус што ќе ги платат граѓаните во овој момент граѓаните плаќаат 31 милион евра, само заради покачувањето на акцизата, која СДСМ упорно не сака да го укине.

Останува нејасно и покрај овие галопирачки ценовни шокови зошто пратениците на СДСМ ја одбија иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ околу намалувањето на акцизата се со цел да се намали шокот врз стопанството и врз стандардот на граѓаните. Оттука СДСМ пропушти можност за државничко однесување и да покаже дека единствена грижа им се граѓаните на Македонија.

Коронавирус