петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 200
home Вести

Граѓаните од Аеродром најмногу му веруваат на Тимчо Муцунски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општината

Граѓаните од Аеродром најмногу му веруваат на Тимчо Муцунски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општината

Организацијата за граѓански активизам и независност” која се занимава со анализи, истражувања и граѓански активизам, за сопствени потреби направи теренско истражување поврзано со престојните локални избори во Република Македонија, кои ќе се одржат на 17 октомври 2021 годиниа.

Теренското истражување се одвиваше во периодот од 13 септември до 17 септември 2021 на репрезентативен примерок во зависност од големината на општината/ градот Скопје.

Резултатите од анкетата, во делот за Аеродром, покажуваат дека во оваа скопска општина најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

За него се изјасниле дека ќе гласаат 23.3% од испитаните граѓани.

Зад него е кандидатот на СДСМ, Александар Филиповски за кој довербата ја дале 17,1% од граѓаните, кандидатот на Левица, Весна Кираџиева за која 8,4% од испинатиниците се изјасниле дека ќе гласаат, кандидатот на коалиција ЛДП-ДОМ, Билјана Аврамовска – Ѓореска со 4,2% и Миле Петковски од ТМРО со 1,8%.

Локални избори 2021