петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Граѓаните очајно бараат лек: Филипче не ја зборуваше вистината кога кажа дека во аптеките има Клексани

Граѓаните очајно бараат лек: Филипче не ја зборуваше вистината кога кажа дека во аптеките има Клексани

Граѓани очајно и во паника на социјалните мрежи бараат помош за да дојдат до лекот клексан. Потрошувачката се зголеми поради тоа што овој лек почна да се употребува и кај дел од пациентите со КОВИД, кај кои што се појавуваат проблеми со крвта, но и граѓани кои немаат корона, а имаат други состојби за кои им е потребен, се жалат дека лекот го нема, пренесува ТВ24.

Во продолжение телевизијата ги пренесува разговорите:

„Добар ден, може ли да ми посочите од каде снабдувате Клексан, по аптеките нема никаде. Или ако има некој останато дома, што повеќе не му се потребни, би си ги платиле“.

„Здраво на сите. Имам голема потреба од клексан дали има некој на кого не му се потребни или од каде ги набавувате“

„Да не има некој клексан, многу е потребен, благодарам“

И додека граѓаните мака мачат да дојдат до клескан, од министерството за здравство негираат дека има недостаток од лекот.

„И покрај тоа што годинава се трошат тројно повеќе лекови од палетата на антикоагулантна терпија во која влегуваат лекови како клексанот и ксарелтото, во моментов нема недостиг од овој тип на терапија ниту во болниците ниту во аптеките.“ – Министерство за здравство.

Но спротивно на тврдењата на министерството, дека клексанот го нема, потврда добивме и од десетина аптеки во различни градови низ земјава, каде што се јавивме. Одговорот секаде беше ист – клексан нема и аптеките не знаат кога ќе го добијат.

„Добар ден клексан имате ли во аптека? Не нема одамна. Кога ќе добиете? Не знам.“ – Аптека Струмица

„Нема. Не знаеме немаме информација кога ќе добиеме. Дефицитарен е. Три недели веќе го немаме“ – Аптека Струмица.

„Нема. Да ви кажам искрено некогаш стигнува по некоја количина мала и буквално веднаш се троши бидејќи најбаран е. Да се јавите да проверите во другите аптеки или поликлиники“ – Аптека Скопје.

„Нема, не знаеме кога ќе добиеме, ништо од тоа долго време го немаме“ Аптека Скопје.

„Немаме информација кога ќе го добиеме, ама го нема во ниедна аптека“ Аптека Штип.

Зголемената потрошувачка на клексанот засега не прдизвикува недостаток кај трудниците кај кои што исто така често се дава. Дел од гинеколозите со кои разговараше ТВ 24 велат дека за потребите на нивните пациентки засега го има. Сепак предупредуваат дека евентуалниот недостаток од овој лек може да остави и сериозни последици врз трудниците и плодот.

„Може да се јават сериознои компликации, но само во оние случаи кај што е индициран клесканот и е препишан од специјалист. Може да дојде до предвремено породување, детето да се роди со помала родилна тежина или во рана бременост да се изгуби плодот, но засега кај нашите пациентки нема недостаток од овој лек.“ – Д-р Душко Филиповски – Гинеколог.

Добавувачите на овој тип на лекови во планираните набавки за оваа година предвиделе помали количини на лекови, но со оглед на зголемената потрошувачка велат дека се прават напори за доплнителни набавки.

Најнови вести

Коронавирус