вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 43
home Вести

Граѓаните нема да имаат спокој, а ќе царува вознемирување и уништување: Драстично се намалуваат казните за нарушување на јавниот ред и мир!

Граѓаните нема да имаат спокој, а ќе царува вознемирување и уништување: Драстично се намалуваат казните за нарушување на јавниот ред и мир!

Прекршителите на јавниот ред и мир во Македонија можат слободно да продолжат да ги кршат законите. Вака би можело да се каже откако Владата предводена од Зоран Заев, а претставувана од Оливер Спасовски носи изменување и дополнување на законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Граѓаните нема да имаат мир од сторителите на ваквите дела бидејќи Владата драстично ги намалува казните, со што им дава сила на оние кои го прекршуваат јавниот ред и мир.

Казните, според овие измени, драстично се намалуваат. Во еден дел казната која била во висина од максимум 10.000 евра, сега се намалува на максимум 500 евра. Делата кои се казнувале со 400 евра, сега ќе се казнуваат со 150 евра, делата кои се казнувале со 1500 евра, сега ќе бидат казна од 150 евра, а за прекршувања кои до сега сторителите ги чинеле 500 евра, сега нема да има казни повисоки од 100 евра…

Погледнете како ќе изгледа тоа:

ПРЕДЛОГ-ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ ПРОТИВ ЈАВНИОТ РЕД И МИР

Член 1

Во Законот за прекршоците против јавниот ред и мир („Службен весник на Република Македонија“ број 66/07 и 152/15), во член 4 зборовите „100 до 400 евра“ се заменуваат со зборовите „50 до 150 евра“.

Член 2

Во член 5 зборовите „100 до 400 евра“ се заменуваат со зборовите „100 до 200 евра“.

Член 3

Во член 6 зборовите „100 до 400 евра“ се заменуваат со зборовите „50 до 150 евра“.

Член 4

Во член 7 зборовите „100 до 400 евра“ се заменуваат со зборовите „50 до 150 евра“.

Член 5

Во член 8 ставот 1 зборовите „200 до 500 евра“ се заменуваат со зборовите „50 до 100 евра“.

Ставот 2 се менува и гласи:

„ За прекршокот од ставот 1 на овој член, ќе му се изрече глоба на правното лице од 50 до 1.000 евра во денарска противвредност – за микро  трговци; од 50 до  2.000 евра во денарска противвредност – за мали трговци; од 250 до 6.000 евра во денарска противвредност – за средни трговци и од 250 до 10.000 евра во денарска противвредност – за големи трговци и за одговорното лице во правното лице „од 50 до 500 евра во денарска противвредност“.

Ставот 3 се брише.

Во ставот 4 кој станува став 5, зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“.

Член 6

Во член 9 зборовите „500 до 1000 евра“ се заменуваат со зборовите „50 до 150 евра“.

Член 7

Во член 10  во ставот 1 зборовите „200 до 500 евра“ се заменуваат со зборовите „50 до 150 евра“.

Во ставот 2 зборовите „700 до 1.500 евра“ се заменуваат со зборовите „150 до 250 евра“.

Член 8

Во член 11  во ставот 1 зборовите „300 до 500 евра“ се заменуваат со зборовите „50 до 150 евра“.

Во ставот 3 зборовите „700 до 1.500 евра“ се заменуваат со зборовите „150 до 250 евра“.

Член 9

Во член 12  во ставот 1 зборовите „600 до 800 евра“ се заменуваат со зборовите „50 до 150 евра“.

Во ставот 2 зборовите „700 до 1.000 евра“ се заменуваат со зборовите „150  до 250 евра“.

Член 10

Во член 13 во ставот 1 зборовите „600 до 800 евра“ се заменуваат со зборовите „50 до 150 евра“.

Во ставот 2 зборовите „600 до 900 евра“ се заменуваат со зборовите „150 до 250 евра“.

Член 11

Во член 14 зборовите „600 до 800 евра“ се заменуваат со зборовите „100 до 250 евра“.

Член 12

Во член 15  зборовите „600 до 800 евра“ се заменуваат со зборовите „100 до 250 евра“.

Член 13

Во член 16  зборовите „100 до 400 евра“ се заменуваат со зборовите „50 до 150 евра“.

Член 14

Во член 17  зборовите „1.500  до 2.000 евра“ се заменуваат со зборовите „100 до 150 евра“.

Член 15

Во член 18  зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, како и зборовите „1.000 до 1.500 евра“ се заменуваат со зборовите „100 до 250 евра“.

Член 16

Во член 19  во ставот 1 зборовите „600 до 800 евра“ се заменуваат со зборовите „100 до 250 евра“.

Ставот 2 се менува и гласи:

„ За прекршокот од ставот 1 на овој член, ќе му се изрече глоба на правното лице кое врши угостителска дејност ако издава, односно става на располагање простории за вршење на проституција од 50 до 1.000 евра во денарска противвредност – за микро  трговци; од 50 до 2.000 евра во денарска противвредност – за мали трговци; од 250 до 6.000 евра во денарска противвредност – за средни трговци и од 250 до 10.000 евра во денарска противвредност – за големи трговци“.

Во ставот 3 зборовите „30 % од одмерената глоба за правното лице“, се заменуваат со зборовите „ 200 до 500 евра во денарска противвредност“.

Член 17

Во член 20  зборовите „200 до 500 евра“ се заменуваат со зборовите „100 до 250 евра“.

Член 18

Во член 21  алинејата 1 се менува и гласи:

„ микро  трговци во износ од 50 до 1.000 евра во денарска противвредност; мали трговци од 50 до  2.000 евра во денарска противвредност; средни трговци од 250 до 6.000 евра во денарска противвредност и големи трговци од 250 до 10.000 евра во денарска противвредност“.

Алинејата 2 се брише.

Во алинеја 3 која станува алинеја 2 зборовите „30 % од одмерената глоба за правното лице“, се заменуваат со зборовите „  200 до 500 евра во денарска противвредност“.

Член 19

Во член 22 во ставот 1 зборовите „100 до 400 евра“ се заменуваат со зборовите „100 до 200 евра“.

Ставот 2 се менува и гласи:

„За прекршокот од ставот 1 на овој член, на правното лице ќе му се изрече глоба од 50 до 1.000 евра во денарска противвредност – за микро  трговци; од 50 до 2.000 евра во денарска противвредност – за мали трговци; од 250 до 6.000 евра во денарска противвредност – за средни трговци и од 250 до 10.000 евра во денарска противвредност – за големи трговци и за одговорното лица во правното лице  од „50 до 500 евра“ во денарска противвредност“.

Член 20

Во член 23 зборовите „600 до 800 евра“ се заменуваат со зборовите „100 до 250 евра“.

Член 21

Во член 25 зборовите „200 до 500 евра“ се заменуваат со зборовите „50 до 150 евра“.

Член 22

Во член 26 зборовите „100 до 400 евра“ се заменуваат со зборовите „50  до 150 евра“.

Член 23

Во член 27 зборовите „100 до 400 евра“ се заменуваат со зборовите „100  до 250 евра“.

Член 24

Во член 28 во ставот 1 зборовите „100 до 400 евра“ се заменуваат со зборовите „100  до 250 евра“.

Ставот 2 се менува и гласи:

„За прекршокот од ставот 1 на овој член, на правното лице ќе му се изрече глоба од 50 до 1.000 евра во денарска противвредност – за микро  трговци; од 50 до 2.000 евра во денарска противвредност – за мали трговци; од 250 до 6.000 евра во денарска противвредност – за средни трговци и од 250 до 10.000 евра во денарска противвредност – за големи трговци и за одговорното лице во правното лице  „од 50 до 500 евра во денарска противвредност“.

Член 25

Членот 29 се брише.

Член 26

Во член 30 во ставот 1 зборовите „100 до 400 евра“ се заменуваат со зборовите „100  до 250 евра“.

Ставот 2 се менува и гласи:

„За прекршокот од ставот 1 на овој член, ќе му се изрече глоба на правното лице од 50 до 1.000 евра во денарска противвредност – за микро  трговци; од 50 до 2.000 евра во денарска противвредност – за мали трговци; од 250 до 6.000 евра во денарска противвредност – за средни трговци и од 250 до 10.000 евра во денарска противвредност – за големи трговци и за одговорното лице во правното лице „од 50 до 500 евра во денарска противвредност“.

Член 27

Во член 31 зборовите „200 до 500 евра“ се заменуваат со зборовите „100  до 250 евра“.

Член 28

Во член 32 во ставот 1 зборовите „100 до 400 евра“ се заменуваат со зборовите „100  до 250 евра“.

Ставот 2 се менува и гласи:

„За прекршокот од ставот 1 на овој член, ќе му се изрече глоба на правното лице од 50 до 1.000 евра во денарска противвредност – за микро  трговци; од 50 до  2.000 евра во денарска противвредност – за мали трговци; од 250 до 6.000 евра во денарска противвредност – за средни трговци и од 250 до 10.000 евра во денарска противвредност – за големи трговци и за одговорното лице во правното лице „од 50 до 500 евра во денарска противвредност“.

Член 29

Во член 33 алинејата 1 се менува и гласи:

„од 50 до 1.000 евра во денарска противвредност – за микро  трговци; од 50 до 2.000 евра во денарска противвредност – за мали трговци; од 250 до 6.000 евра во денарска противвредност – за средни трговци и од 250 до 10.000 евра во денарска противвредност – за големи трговци“.

Во алинеја 2 зборовите „ 1.500 евра“ се заменуваат со зборовите  „100 до 250 евра“.

Во алинеја 3 зборовите „30 % од одмерената глоба за правното лице“, се заменуваат со зборовите „ од 200 до 500 евра во денарска противвредност“.

Член 30

Во член 34 зборовите „600 до 800 евра“ се заменуваат со зборовите „100  до 250 евра“.

Член 31

Во членот 35 сврзникот „или“ се заменува со запирка, а по зборот „странци“ се додаваат зборовите  „мали, средни и микро трговци“.

Член 32

Во член 36 во ставот 1  зборовите „11 став 1 и броевите 16, 20 и 29“ се бришат.

Ставовите 4 и 5 се бришат.

Ставот 6 кој станува став 4 се менува и гласи:

„ Остварувањето на правото на правен лек против одлуката на Комисијата, како и постапката по правниот лек се спроведува согласно Законот за прекршоците.“

По ставот 4 се додава нов став 5, кој гласи:

„За прекршоците утврдени во членовите 9, 10 став 2, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 23,  28 став 2, 30 став 2, 33 и 34 од овој закон, прекршочната постапка ја води надлежен  суд.

Член 33

Во член 38 во ставот 1 по зборот „санкција“ се додава зборот „привремена“.

Во ставот 2 зборовите „три  години“ се заменуваат со зборовите „две години“.

Член 34

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Ова се мал дел од измените кои за важни дела ќе донесат смешни казни:

Кој оштетува, уништува или осквернува споменик глобата од 1.500 до 2.000 евра ќе се намали на 100 до 150 евра; кој неовластено отстрани, искине, замачка, оштети или на било кој начин ги изложи на подбив државите симболи на Република Македонија, симболите на припадниците на заедницитe или истакне знаме или грб кој не ги содржи обележјата пропишани со закон глобата од 1.000 до 1.500 евра ќе се намали на 100 до 250 евра;

Кој се оддава на уживање на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори глобата од 200 до 500 евра ќе се намали на 100 до 250 евра;

Кој го оневозможува користењето или оштетува јавни згради, јавни чешми, извори, плажи, паркови, шеталишта или други јавни објекти и инсталации или истите ги загадува со материи и отпадоци со кои се загадува животната средина глобата од 100 до 400 евра ќе се намали на 100 до 250 евра;

Родител или старател чие дете односно штитеник поради занемарено грижење врши прекршоци од овој закон глобата од 600 до 800 евра ќе се намали на 100 до 250 евра…

За да видите во пракса, какви дела нема да се казнуваат како што треба, а сторителите за тоа ќе добијат минимални казни, КУРИР  во продолжение ви пренесува кои се одредбите од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир  што се менуваат.

Член 4

Кој на јавно место со карање, викање или непристојно и дрско однесување го нарушува јавниот ред и мир ќе му се изрече глоба во висина од 100 до 400 евра во денарска противвредност.

Член 5

Кој на јавно место со фрлање или кршење шишиња, чаши или други предмети ги вознемирува грѓаните или ја загрозува нивната безбедност ќе му се изрече глоба во висина од 100 до 400 евра во денарска противвредност.

Член 6

Кој на јавно место се оддава на пијанство или во пијана состојба го нарушува јавниот ред и мир ќе му се изрече глоба во висина од 100 до 400 евра во денарска противвредност.

Член 7

Кој со малтретирање на друг во стан ги вознемирува соседите, со што ќе предизвика интервенција на полицијата, ќе му се изрече глоба во висина од 100 до 400 евра во денарска противвредност.

Член 8

Кој го нарушува мирот на други со пеење, користење на музички инструменти, радио и телевизиски апарати и други технички уреди. како и со механички извори на врева (мотор и слично), во периодот од 15,00 до 18,00 часот и по 23,00 часот до 6,00 часот наутро, полицијата ќе го спречи и ќе му се изрече глоба во висина 200 до 500 евра во денарска противвредност.

За прекршокот од ставот 1 на овој член на правно лице ќе му се изрече глоба во висина од 1000 евра во денарска противвредност , а на одговорното лице во правно лице ќе му се изрече глоба во висина од 30% од одмерената глоба за правното лице.

Глоба во висина од 800 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на трговец поединец кој врши угостителска дејност, ако не преземе мерки да не дојде до извршување на прекршокот од став 1 на овој член во неговиот угостителски објект.

Владата ќе донесе подзаконски пропис со кој ќе утврди во кој случај и под кои услови се смета дека е нарушен мирот од ставот 1 на овој член.

Член 9

Кој на јавно место организира борба меѓу животни и предизвикува негодување на граѓаните или ја загрозува нивната безбедност ќе му се изрече глоба од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност.

Член 10

Кој на јавно место со малтретирање, омаловажување, понижување и навредување на друг  или со вршење присилба спрема друг ќе предизвика негодување на граѓаните, или ја загрозува нивната безбедност ќе му се изрече глоба во висина од 200 до 500 евра во денарска противвредност.

Кој во вршењето на прекршокот од ставот 1 на овој член пројави посебна безобзирност, упорност или дрскост ќе му се изрече глоба од 500 до 1.500 евра во денарска противвредност.

Член 11

Кој на јавно место учествува, предизвикува или поттикнува друг на тепачка ќе му се изрече глоба во висина од 300 до 500 евра во денарска противвредност.

Учествувањето во тепачка  со намера да се укаже помош или заштита на нападнатото лице или да ја спречи истата не се смета за учествување во тепачка во смисла на ставот 1 на овој член.

Кој прекршокот од ставот 1 на овој член го изврши во група ќе му се изрече глоба во висина од 700 до 1.500 евра во денарска противвредност.

Член 12

Кој на јавно место физички нападне друго лице ќе му се изрече глоба во висина од 600 до 800 евра во денарска протввредност.

Кој прекршокот од ставот 1 на овој член го изврши во група ќе му се изрече глоба во висина од 700 до 1.000 евра во денрска противвредност.

Член 13

Koj омалoважува државен орган, односно омаловажува или навредува службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата ќе му се изрече глоба во висина од  600 до 800 евра во денарска противвредност.

Ако службено лице од став 1 на овој член е полициски службеник на сторителот ќе му се изрече глоба 600 до 900 евра во денарска протввредност.

Член 14

Кој постапува спротивно на наредбата на надлежен државен орган или на овластено службено лице на државен орган за забрана да се пристапува или задржува на определено место ќе му се изрече глоба во висина од 600 до 800 евра во денарска противвредност.

Член 15

Кој не ќе се оддалечи од група на луѓе која овластено службено лице ја повикало да се разотиде во прилики кога јавниот ред е загрозен ќе му се изрече глоба во висина од 600 до 800 евра во денарска противвредност.

Член  16

Кој лажно повикува на помош или пријави настан со намера да предизвикува излегување на државен орган или јавна служба ќе му се изрече глоба во висина од 100 до 400 евра во денарска противвредност.

Член 17

Кој оштетува, уништува или осквернува споменик ќе му се изрече глоба во висина во висина од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

Член 18

Кој неовластено отстрани, искине, замачка, оштети или на било кој начин ги изложи на подбив државите симболи на Република Македонија, симболите на припадниците на заедницитe или истакне знаме или грб кој не ги содржи обележјата пропишани со закон ќе му се изрече глоба во висина од 1.000 до 1.500 евра во денарска противвредност.

Член 19

Кој се оддава на проституција, како и издава, односно става на располагање простории за вршење на проституција ќе му се изрече глоба во висина од 600 до 800 евра во денарска противвредност.

Глоба во висина од 2.000 евра во денарска противвредност  ќе се изрече на  правно лице и трговец поединец кој врши угостителска дејност ако издава, односно става на располагање простории за вршење на проституција.

За прекршок од ставот 2 на овој член на одговорното лице во правното лице ќе се изрече глоба во висина од 30% од одмерената глоба за правното лице.

Член 20

Кој се оддава на уживање на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори ќе му се изрече глоба во висина од 200 до 500 евра во денарска противвредност.

Член 21

Кој овозможува присуство на малолетни лица во угостителски објекти или простории за забава (кафеани, ноќни барови, дискотеки и слични објекти) подоцна од 24, 00 часот ќе се изрече глоба на :

  • трговско друштво кое врши угостителска дејност или друго правно лице во износ од 000 евра во денарска противвредност
  • трговец поединец кој врши угостителска дејност во износ од  700 евра во денарска противвредност
  • одговорно лице во трговско друштво кое врши угостителска дејност или друго правно лице во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице.

Член 22

Кој дава аудиовизуелни слики и други предмети со порнографска содржина или со изразено насилство на малолетни лица, ќе му се изрече глоба во висина од 100 до 400 евра во денарска противвредност.

За прекршокот од ставот 1 на овој член на правно лице ќе му се изрече глоба во висина од 1.000 евра во денарска противвредност , а на одговорното лице во  правното лице ќе му се изрече глоба во висина од 30% од одмерената глоба за правното лице.

Член 23

Кој лажно се престави на друг во однос на својата службена функција ,односно статус или кој употреби лажни лични податоци како свои или кој потврди туѓи лажни лични податоци, како и кој неовластено носи ознаки на службено лице  ќе му се изрече глоба во висина од 600 до 800 евра во денарска противвредност.

Член 25

Кој игра комор или друга игра на среќа што е забранета, ќе му се изрече глоба во висина од 200 до 500 евра во денарска противвредност.

Член 26

Кој го ремети јавниот ред и мир во заеднички простории ( столбиште, подрум, заграден двор) на станбена зграда во која не е населен, во двор или простории на училиште во кое не е ученик или во простории на друга јавна зграда ќе му се изрече глоба во висина од 100 до 400 евра во денарска противвредност.

Член 27

Кој го оневозможува користењето или оштетува јавни згради, јавни чешми, извори, плажи, паркови, шеталишта или други јавни објекти и инсталации или истите ги загадува со материи и отпадоци со кои се загадува животната средина ќе му се изрече глоба во висина од 100 до 400 евра во денарска противвредност.

Член 28

Кој изведува работа, а не преземе соодветни мерки да обезбеди канал, шахта, бунар, дупка, електрична инисталција и други уреди кои преставуваат опасност за минувачите ќе му се изрече глоба во висина од 100 до 400 евра во денарска противвредност

За прекршокот од ставот 1 на овој член  на правното лице ќе му се изрече глоба во висина од 2000 евра во денарска противвредност а на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече глоба во висина од 30% од одмерената глоба за правното лице.

Член 29

Кој  без заштитни средства (маска и слично), без надзор и невнимателно држи кучиња и други опасни животни кои може друг да престрашат или да повредат ќе му се изрече глоба во висина  од 100 до 400 евра во денарска противвредност.

Член 30

Кој става или држи пред зграда или ограда, односно на зграда или  на ограда  уред или предмет што може да го повреди минувачот или да му нанесе некоја друга штета или кој, такви предмети исфрла на улица ќе му се изрече глоба во висина од 100 до 400 евра во денарска противвредност.

За прекршокот од ставот 1 на овој член на  правното лице ќе се изрече глоба во висина од 2.000 евра во денарска противвредност а на одговорното лице во правното лице ќе се изрече глоба во висина од 30% од одмерената глоба за правното лице.

Члeн 31

Кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните ќе му се изрече глоба во висина од 200 до 500 евра во денарска противвредност.

Член 32

Кој на јавно место неовластено приреди огномет, бакљада или слична приредба или не преземе мерки за безбедност во смисла на членот 39 од овој закон ќе му се изрече глоба во висина од 100 до 400 евра во денарска противвредност.

За прекршокот од ставот 1 на овој член на правното лице ќе му се изрече глоба во висина од 1.000 евра во денрска противвредност , а на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече глоба во висина од 30% од одмерената глоба за правното лице.

Член 33

Ако трговското друштво кое  врши угостителска дејност, трговец поединец кој врши угостителска дејност или лицето на кое му е доверено водењето на угостителскиот објект или одговорното лице во трговско друштво кое врши угостителска дејност или друго правно лице не преземаат соодветни мерки за одржување на јавниот ред и мир во нив, односно не го спречат нарушувањето на истиот ако тоа можат да го сторат без опасност по себе или друг, како и ако не го пријават нарушувањето на јавниот ред и мир во полициската станица од општа надлежност ќе се изрече глоба:

– трговско друштво кое врши угостителска дејност или друго правно лице во износ од од 2.000 евра во денарска противвредност

– трговец поединец кој врши угостителска дејност во износ од 1.500 евра во денарска противвредност

– одговорно лице во трговско друштво кое врши угостителска дејност или друго правно или лицето на кое му е доверено водењето на угостителскиот објект во изнод од 30% од одмерената глоба за правното лице.

Член 34

Родител или старател чие дете односно штитеник поради занемарено грижење врши прекршоци од овој закон ќе му се изрече глоба во висина од 600 до 800 евра во денарска противвредност.

Член 35

За прекршоците утврдени со овој закон во случај кога сторителите се малолетни лица или странци, прекршочната постапка ја води и прекршочната санкција ја изрекува надлежниот суд.

Член 36

За прекршоците предвидени со одредбите од члeновите 4, 5, 6, 7, 8,  10 став 1,11 став 1, 16, 20, 22, 24, 25, 26, 27, 28 став 1, 29, 30 став 1, 31 и 32 на овој закон прекршочната постапка ја води комисија na Министерството за внатрешни работи.

Комисијата од ставот 1 на овој член е составена од два члена и претседател на комисијата.

Членовите на комисијата имаат завршено високо образование и работно искуство од најмалку четири години на предметната материја, а претседателот на комисијата е дипломиран правник сo положен правосуден испит и работно искуство од најмалку шест години на предметната материја.

Доставувањето на писмената изготвени од комисијата се врши согласно одредбите од Законот за прекршоците и Законот за општа управна постапка.

Ако живеалиштето на лицето на кое треба да му се достави известување, покана или одлука е непознато за органот чие писмено се доставува, комисијата ќе го објави писменото на веб страницата на Министерството за внатрешни работи и со истекот на осум дена од денот на објавувањето на веб страницата, ќе се смета дека странката е уредно известена за писменото.

Против одлуката на комисијата може да се поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.

Член 38

За прекршок од членoвите  8 и 32 од овој закон комисијата на Министерството за внатрешни работи   на правното лице може да му се изрече и прекршочна санкација забрана за вршење на дејност во траење од 15 дена.

За прекршокот од членот 21 на овој закон судот на правното лице може да му изрече и прекршочна санкација забрана за вршење на дејност во траење од три месеци до три години.

 

 

ЕУРО 2020

Македонија