вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 187
home Вести

Граѓаните не видоа корист, за кого беа антикризните мерки?

Граѓаните не видоа корист, за кого беа антикризните мерки?

Како и во претходните пакети на антикризни мерки помошта не стигнува до оние на кои им е најпотребна токму поради тоа што Владата ги носи без да ги консултира експертите, без да се предвидат сите околности и пречки со кои можат да се соочат граѓаните, и се поставуваат рокови во кои не е возможно да се надминат истите.

Многу граѓани на кои им следуваше помош од 6 илјади денари не успеаја да ја искористат истата токму поради тие причини.

Иако за овие проблеми беше алармирано уште на почетокот од страна на Владата не беше направено доволно и на крај не успеа да постигне договор со банките за продолжување на рокот кој истече завчера и беше прекраток за да се завршат сите бирократски процедури.

Додека Владата не знае колку граѓани останале со празни раце, поради ваквите пропусти огромна бројка од 78 илјади граѓани поднеле приговори од вкупно 300 илјади што требаше да опфати мерката што очигледно ја прави уште една во низата неуспешни мерки.

Во претходните 3 пакети на антикризни мерки слично завршија и мерката со ваучерите за туризам која поради истите пропусти при кроењето на мерката ваучерите не ги искористија околу 40.000 граѓани. Како и мерката „Викенд без ДДВ“ која според тоа што проектираше Владата на граѓаните требаше да им бидат вратени 17 милиони евра, но поради слабата искористеност за враќање беа помалку од еден милион евра.

Доказ за тоа дека мерките не ја постигнуваат целта е и бројот на граѓани кои ги губат работните места наместо со мерките да се зачуваат истите.

Од почетокот на пандемијата до ноември Агенцијата за вработување регистрира 47.500 невработени, а и 5.500 нови семејства влегле во системот за социјална заштита со тоа што министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска најави дека доколку продолжи пандемијата во овој систем ќе влезат уште 6.000 семејства.

Најнови вести

Коронавирус