недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 82
home Вести

Граѓаните на Тетово, Гостивар и Центар Жупа се жалат дека се заборавени од властите и од ден на ден живеат се потешко

Граѓаните на Тетово, Гостивар и Центар Жупа се жалат дека се заборавени од властите и од ден на ден живеат се потешко

Во вечерашната емисија „Заспиј ако можеш“ беше претставена анкета во повеќе општини во Република Македонија односно во Тетово, Гостивар и Центар Жупа за тоа како граѓаните живеат, каква е економијата, како се справуваат со корна кризата и слично.

Во Тетово повеќето граѓани се жалат дека ситуацијата е загрижувачка дека има многу луѓе кои просат по улиците и дека пред короната на дневно ниво заминувале по 5-6 автобуси со граѓани од државата.

– Јас имам пензија 150 евра и имам 7 деца. Имам дете кое завршило факултет, а нема работа седи дома и за тоа е виновна државата, ни раскажа загрижен граѓанин од Тетово.

Исто така граѓаните раскажаа дека тие како Албанци се заборавени од државата.

-Лош живот, не се живее така. Јас мислам дека Македонија не оди никаде,оди во гроб, ќе потоне. За Албанците немаат ништо направено. Кажете едно нешто што направија за нив. Заев што направи за моето село Селце, нема вода, нема пат, потенцираше друг граѓанин.

Во доменот на угостителството укажаа дека поради корона тешко преживуваат и мерките кои ги добиле од држвата не биле доволни.

Понатаму во текот на емисијата беше прикажана и ситуацијата во општина Гостивар. Исто така и тука граѓаните посочија дека се повеќе се зголемува бројот на сиромашни луѓе и невработени, нема никакви инвестиции и се поголем број на граѓани заминуваат во странство.

– Ужасно се живее, економска криза, младите се заминуваат. Без младите нема живот, нема каде да работат. Син ми заврши факултет е невработен, жената и јас невработени и за тоа е власта крива. Барем еден од нашата фамилија да имаше вработено. Додека се овие бандити на власт нема ништо. Еве и човекот до мене има три сина ниту тој ниту синовите, ниту неговата жена не е вработена. Покрај ваква влада многу ќе патиме како народ, раскажа граѓанин на Гостивар.

Ситуација е иста и во Центар Жупа.Оттука граѓаните додадоа дека се заборавени целосно од властите дека исто така и овде нема никакви вработувања и се поголем број на фамилии заминуваат во странство.

Коронавирус