недела, 19. септември 2021. Вести денес: 27
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Вести

Граѓаните на Кочани со голи раце си го одбранија градот: Вака сега изгледаат местата каде вчера беснееше пожар (ФОТО)

Граѓаните на Кочани со голи раце си го одбранија градот: Вака сега изгледаат местата каде вчера беснееше пожар (ФОТО)

Ноќеска граѓаните на Кочани со голи раце си го одбранија градот. Заедно со само неколку противпожарни екипи тие не дозволија пожарот да се прошири по куќите во градот.

Изгореа само покривите на 2-3 куќи. Материјалната штета е незначителна во однос на тоа што можеше да се случи.

Како е утрово во Кочани, гледаме од фотографиите кои МКД.МК ги објави.

Министерството за здравство информира дека деветтемина жители на Кочани кои синоќа побараа лекарска помош поради вдишување на чад, како последица од пожарот се во добра здравствена состојба и сите се пуштени дома.

Пациентите синоќа беа задржани во болница неколку часа и примаа кислородна терапија.

Во пожарот нема поврдени со изгореници.

 

Коронавирус