сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Граѓаните на Гази Баба се кренаа на нозе: Нема да дозволат префрлање на Центарот за зависници и бараат оставка од градоначалникот

Граѓаните на Гази Баба се кренаа на нозе: Нема да дозволат префрлање на Центарот за зависници и бараат оставка од градоначалникот

Поголема група граѓани денеска на пладне со собра на протест пред фабриката „Металски завод – Тито“ каде што се планира да се префрли Центарот за зависници од Кисела Вода во Гази Баба.

Тие не се согласуваат Центарот да биде префрлен во мензата на фабриката МЗТ како што одлучија здравствените власти. Префрлувањето треба да се случи до крајот на годината.

-Како граѓани на општина Гази Баба сме зaгpижени од најавите на министерот за здpaвство дека Центарот за зaвиcници од општина Кисела Вода ќе биде премистен на територијата на општина Гази Баба, односно во просториите на фабриката Металски завод Тито. Дополнително зaгpижyвaње кај нас дава и фактот што министерот Филипче во изјава за новинарите кажа дека нашиот градоначалник Бориц Георгиевски вети итно одобpeние овој Центар да биде отворен на територијата на општина Гази Баба, вели претставникот на граѓаните и организатор на протестите.

-Срамота е ова што го прават, бараме итно градоначалникот Борче Георгиевски да ја повлече оваа одлука и да помисли на нас и нашите деца, рече еден од револтираните жители на Маџари на протестот против дислокација на центарот за зависници од Кисела Вода во просториите на фабриката МЗТ.

Учесниците на протестот побараа оставка од градоначалникот.

-Ние не сме против изградба на ваков центар, но тоа треба да го направат на изолирано место, на некоја ливада, а не тука, среде населено место каде што има градинки и училишта. Овде ќе биде хаос. Се плашиме за нашиот и за животот на нашите деца. Никој не не прашал пред да ја донесе одлука, револтирани сме и на градоачалникот и на премиерот Заев. Ова е предупредувачки протест, но нема да се откажеме. Порачуваме градоначалникот да даде оставка и да дојде некој кој што е способен да работи во интерес на граѓаните, рече  жителка на Маџари.

Главниот проблем поради кој се јави потреба за дислокација на Центарот за зависници се ужасните услови и чувството за небезбедност меѓу граѓаните на општина Кисела Вода. Овој Центар требаше само времено да биде лоциран во општината, но таму е останат веќе 20 години.

Сега, ќе биде решен проблемот со стравот кај граѓаните од Кисела Вода, на грб на граѓаните на Гази Баба.

Како што дознава КУРИР, оваа одлука ја нема донесено општината, туку градоначалникот лично. Граѓаните кои ја контактираа нашата редакција не го кријат својот револт.