недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 82
home Вести

Граѓаните изреволтирани: Им возеше со Бентли среде Скопје, а го “казнија“ со само 45 евра

Граѓаните изреволтирани: Им возеше со Бентли среде Скопје, а го “казнија“ со само 45 евра

Лавина реакција на граѓаните откако вчера скопскиот градоначалник на својот Фејбук профил соопшти дека пронајден е возачот на Бентли кој пред два дена со огромна брзина влета и возеше низ скопскиот плоштад, притоа загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните кои во тој момент биле таму.

Имено, како што се гледа, Министерството за внатрешни работи истрча да се пофали дека возачот е казнет само со 45 евра за сообраќаен прекршок, при што граѓаните реагираат дека казната е премала со оглед дека последиците од истата можеле да бидат кобни.

Како што пишува еден твитерџија, “го шинале со казната“, додавајќи дека сега му е јасно како газат луѓе по улици и никогаш не одговараат.

-Го шинале со казнава… сега ми е јасно како газат луѓе по улици и никад не одговараат, пишува твитерџијата потпишан како algorit007.

Додека, пак, друг додава дека самиот факт дека постои некој што живее во Арачиново, а вози Бентли само покажува дека ние немаме претстава што се се случува во државата

Самиот факт дека постои тип што живее у Арачиново и вози Бентли, ми кажуе дека ние имаме само блага претстава што све се дешава у државава, пишува друг твитерџија.

Еден твитерџија го открива идентитетот на возачот и, како што пишува, станува збор за Бурим Харачана или Бурим Маслани, а станува збор за лице добро познато на полицијата кај кој минатата година биле пронајдени дрога и оружје, пишувајќи дека ова е срам за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски бидејќи наместо да ги апси, тој спие.

-Ова е Бурим Харачина или Бурим Маслани. Ликот кој со своето Бентли се возеше по Плоштад Македонија и ги загрозуваше животите на скопјани.Истиот, беше казнет со мизерни 45 евра за идиоизмот.Лани кај истиот при претрес, беа најдени Дрога и Оружје.А @o_spasovski си спие. СРАМОТА, пишува твитерџијата потпишан како fortiifikacija.

„Ина многу фина“, иронично пишува дека со казна од 45 евра никогаш повеќе нема да му текне да вози сред скопски плоштад.
 
-Возачот на Бентлито е казнет со 45 евра, како јако сте му влегле, нема да му текне никад више, само стого, иронично пишува таа.

За ова реагираше и новинарот Огнен Чанчаревиќ, кој пишува дека додека возачот е казнет согласно член 187 став 6 со 45 евра, негов колега бил казнет со 120 евра за прегорена сијаличка на фар, додавајќи дека тоа е таа чудесна Македонија.

Но, дека законот не важи за сите подеднакво најдобар пример е токму арачинецот кој со своето Бентли влета на скопскиот плоштад, а наместо во најмала рака да биде казнет за нарушување на јавен ред и мир, како и за загрозување на безбедноста на граѓаните и возачката да му биде одземена, истиот помина со само 45 евра казна.

Погледнете дел од твитер реакциите на граѓаните:

 

 

 

Коронавирус