недела, 20. септември 2020. Вести денес: 46
home Вести

Граѓаните искарани и казнети, Филипче се смее: Министре, за вас не важат препораките кои сам ги кажувате?

Граѓаните искарани и казнети, Филипче се смее: Министре, за вас не важат препораките кои сам ги кажувате?

Секој ден голем број на граѓани се казнувани од полицијата поради тоа што не носат заштитна маска. Министерот за здравство, Венко Филипче, често, речиси секојдневно, го вперува прстот кон несовесноста на лицата кои не ги почитуваат препораките и ги обвинува за ширењето на коронавирусот.

Изгледа треба само да го слушаме што зборува, а не и да го гледаме што прави, министерот кој предвиде дека од коронавирус ќе се заразат 1500-2000 граѓани, а до денес се заразија 15.827 лица во Македонија.

Видно насмеан, без да држи дистанца и без да носи маска за заштита, Филипче заминал на прошетка додека народот го тера да седи дома.

Овој политичар со месеци наредува да нема групирање меѓу повеќе лица. Во ваква близина, без маски, еден граѓанин смее да биде само со членови на своето најтесно семејство, односно со лицата со кои живее на иста адреса.

Нека демантира ако ни е грешен впечатокот дека овие луѓе со сигурност не му се најтесната фамилија на министерот.

Министре, за вас не важат препораките кои сам ги кажувате?

Коронавирус