сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

„Граѓаните и стопанствениците најмногу ги загрижуваа фактот што Владата нема план како да се справи со економските последици од пандемијата“

„Граѓаните и стопанствениците најмногу ги загрижуваа фактот што Владата нема план како да се справи со економските последици од пандемијата“

Граѓаните се загрижени бидејќи Владата нема јасен план и стратегија за справување со економските последици како резултат на пандемијата на коронавирусот, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во интервју на Телевизија 24.

-Кога ќе видат граѓаните дека некој се грижи, дека Владата има план и стратегија нема потреба да се грижат. Денес кај нас се носат политики купи ден продај. Тоа нас не загрижува. Тоа е салто мортале, вели Мицкоски.

Според него, власта не сака да се откаже од непродуктивните трошоци во услови на криза.

Мицкоски потенцираше на целата хипокризија на власта. Тој вели дека челниците од власта не сакаат да се откажат од репрезентации, не сакаат да се откажат од патувања, не сакаат да се откажат од договорни вработувања, не сакаат да се откажат од оние илјадници времени вработувања кои што под изговор дека ни се потребни поради зголемен обем на работа ги примале, прашувајќи каков е сега обемот, кога никаков обем на работа всушност не постои!?

Мицкоски уште еднаш побара замрзнување на обрските на граѓаните и компаниите кон банките напоменувајќи дека со уредбата која што ја донесе Владата се остава на самите банки да одлучат дали тоа ќе го сторат или не.

-Ова се времиња кога треба лидерство и храброст. Ова се времиња кога треба да се носат одлуки, а не да се префрла топката. Доцниме, ни оди државата, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Мицкоски, стопанството се соочува со сериозни проблеми и има проблеми со ликвидноста, но тоа што најмногу ги загриужува стопанствениците е што гледаат дека Владата нема јасен план како ќе постапува понатаму.

-Стопанството се жали на неликвидност и немање јасен план како понатаму. Згрозени се од начинот на кој што постапува државата. Загрижени се за иднината на нивните комапнии.

Најнови вести

Коронавирус