петок, 18. септември 2020. Вести денес: 107
home Вести

Граѓаните го плаќаат луксузот на Владата: Прослава и чочеци во тунел во услови кога државата секојдневно се задолжува

Граѓаните го плаќаат луксузот на Владата: Прослава и чочеци во тунел во услови кога државата секојдневно се задолжува

Кетеринг агенција која била ангажирана од ЈП Улици и патишта се нарачатели на автобусот за прослава на отворањето автопатската делница Демир Капија – Смоквица.

Според порталот Лидер, ова покажува дека за автобусот пари дале даночните обврзници на Македонија.

Со автобусот дојде и плех музика која ги забавуваше присутните.  Таа веројатно исто така е платена од кетеринг агенцијата која била ангажирана од ЈП улици и патишта.

Овој луксуз доаѓа во моменти кога државата се задолжува за 55 милиони евра. Државните институции даваат пари за изнајмување автобуси и музика во услови кога државата нема пари за зголемување на социјалната помош.

Симптоматично е тоа што Град Скопје вели дека кетеринг агенцијата била ангажирана од ЈП Улици и патишта, а Министерството за транспорт и врски дека ниту една државна институција не е организатор на забавата. Министерството се оградуваат од чочекот.

– Сакаме да Ве информираме дека ниту Министерството за транспорт и врски, ниту друга државна институција не е организатор на било каква забава, се вели во дописот од ресорното министерство.

Во однос на сите други информации, од таму ги упатуваат медиумите да се обратат до Изведувачот на проектот.

-Автопатската делница Демир Капија – Смоквица е целосно завршена и од денеска ќе биде пуштена во сообраќај за секаков вид на возила. Министерството за транспорт и врски е одговорна и транспрантна институција, која единствена цел е да обезбеди квалитетни услуги во рамките на своите надлежности, подвлекуваат од таму.

Сепак, грчката компанија АКТОР која ја градеше делницата вели дека тие ја организирале прославата со жива музика и чочеци во тунелите.

– Вчера АКТОР организираше прослава на отворањето на патот Демир Капија-Смоквица. Настанот започна во кампот во Демир Капија и во тунелот и траеше кратко време. Целиот настан беше организиран од АКТОР. Во него учествуваа вработените, супервизорите и добавувачите од земјата. Сите луѓе дојдоа со автобус организирани од АКТОР. Сите гости отидоа со автобус од кампот во тунелот и по кратко време се вратија назад во кампот за да продолжат. Се извинуваме ако ова беше погрешно разбрано, се вели во реакцијата од грчката компанија.

Новинарката Јорданка Ивановска- Јоци на својот сајт пишува дека е огромна трагедијата на СДСМ бидејќи прави веселба на инвистиција која е реализирана од минатата влада на Никола Груевски.

-За што е веселбата !? За што се баханалиите ? Која е улогата на СДСМ во отворањето на автопатот, имаат ли воопшто улога ?! А и зошто се веселат и трошат пари на настан кој е платен и преплатен од даночни обврзници, од сите нас, а и кога се знае дека секој петти Македонец во државава е сиромашен, според последните вчерашни податоци, пишува Јоци.

-СДСМ, дали е ова е вашиот начин на владеење ? Ефтин, без поента и без никаква логика? Вие не сте никаква арија, вие сте СДСМ-шунд и турбо фолк. Дали трошите ваши пари или наши ? Дали сте свесни дека откога сте дојдени на власт не сте излезени од кафеани и од турбо фолк рамка ? Ништо не работите, ништо не градите, трошите за ваши луксузи ,,шаком и капом”, а и ве сликаат постојано во пози кои се недостоинствени за функционери. Вие сте едно големо промашување ! Едно големо ништо, неизживеани и мали луѓе, на кои сепак најдобро им беше во опозиција. Барем бевте мирни и не доаѓаа до израз вашите ниски страсти, пишува Јоци.

Коронавирус