сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 101
home Вести

Граѓаните гневни: Со ограничен капацитет одат и повеќе автобуси ако целта е борба со корона

Граѓаните гневни: Со ограничен капацитет одат и повеќе автобуси ако целта е борба со корона

Голем дел на граѓани од Скопје се жалат дека поради малиот број на автобуси од Јавното сообраќајно претпријатие-ЈСП не можат да стасаат до своите работни места. По одлуката на Владата за заштита од ширење на КОВИД-19 да се вози со ограничен капацитет на патници, поточно 50% уште повеќе го продлабочи проблемот со јавниот превоз.

-Живеам во Скопско поле, а работното место ми е во Карпош. Поради полниот капацитет на автобусите на ЈСП неколку дена по ред не можам да стасам на своето работно место. Автобусите го исполнуваат капацитетот на патници и поради тоа не застануваат на голем број автобуски постојки, ни раскажа граѓанин од овој дел на градот.

Исто така повеќе граѓани ни раскажаа за истиот проблем при посочија дека Владата штом ја донела оваа одлука требало да се размисли и на тоа дека треба да се пуштат поголем број на автобуси.

-Поголем дел на граѓани пред извесно време се вратија на своите работни места, а автобусите сеуште возат по редуциран ред. Се прават многу гужви и сега мора автобусите и да возат со намален капацитет. Како да стасаме до своите работни места кога автобусите возат и редуцирано и со намален капацитет на патници, прашуваат граѓаните.

Најнови вести

Коронавирус