недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 90
home Вести

Граѓанин со предлог мерка: И министрите да одат на работа со велосипед, ништо нема да им фали

Граѓанин со предлог мерка: И министрите да одат на работа со велосипед, ништо нема да им фали

Загрижен граѓанин за енормната загаденост на воздухот во Скопје до нашата редакција испрати негови предлог мерки за намалување на аерозагадување.

Тој смета дека пред се функционерите треба да бидат пример за граѓаните.

-Првиот предлог е нека возат луѓето повеќе велосипедите кај нас, на работа или кога одат да пијат кафе. А другиот предлог е да се вози со пар и непар. Кој нема да го почитува правилото нека плати голема казна. Како можат луѓето во Шведска да возат секаде велосипеди, зошто да не можат и Македонците. Во Шведска и министрите возат велосипеди и одат на работа. Нека возат и кај нас велосипеди, нема ништо да им фали, ќе имаат поголема кондиција, е пораката која ја доби нашата редакција.

Доколку и Вие имате некоја предлог мерка за намалување на загадувањето на воздухот испратете ја на нашата e-mail адреса [email protected]

Коронавирус