среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 88
home Вести

Граѓанин до Заев: Не треба само да си политичар, треба да знаеш на која нација припаѓаш

Граѓанин до Заев: Не треба само да си политичар, треба да знаеш на која нација припаѓаш

Во вчерашното Отворено студио на 1ТВ граѓаните имаа можност да го коментираат дуелот помеѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

-Со особена почит кон двата лидери, не е лесно да си лидер и водач на држава, не е лесно да живееш во ова бучно време, во овие поделби на нашата земјина топка помеѓу големите сили. А, Мицкоски го напаѓаат број 1 или број 2 таму некои гледачи. Но Мицкоски значи Христијан е лидер на 500.000 вмровци. Тоа сме чистокрвни Македонци во секое наше семејство има или ќерка или зет од Егејскиот дел на Македонија. Не одговори господинот Заев во Воден на кој јазик зборуваат нашите браќа Македонци, посочи граѓанин.

Мојот дедо е роден во Солунско. И запраша на кој јазик зборувам значи на чист македонски јазик. Воден, Лерин и другите делови живеат Македонци, треба да се свестат, треба да внимаваат, не само да си политичар, треба да знаеш на која нација припаѓаш. Македонци не има многу но не сме заедно. Не сум против Преспанскиот договор, туку што пишува во него, не бев ниту онаа платформата но што е напишано во неа. Што видовме 70 дена Македонците, бараа да видат што пишува во нив, но заминаа во Шутка. Браќа наши Македонци разбудете се, истакна друг граѓанин.

Коронавирус