Пред Министерството за здравство денес беше оставена порака за министерот Венко Филипче.
ОСТАВКА! – ова му порачаа граѓани на Филипче.
„Прво место на Балканот по смртност, прво место на Балканот по заразени“, пишува на пораката.
Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 32436, бројката на оздравени пациенти е 21090, на починати е 1004, а бројот на активни случаи изнесува 10342.