петок, 7. мај 2021. Вести денес: 149
home Вести

Граѓани болни од рак оставени на цедило- Купуваат лекови од позитивна листа во странство за 1000 евра од сопствен џеб

Граѓани болни од рак оставени на цедило- Купуваат лекови од позитивна листа во странство за 1000 евра од сопствен џеб

Здравствениот систем е во хаос. Недостасуваат лекови, касни инсулинот, лекови кои се на терет на државата граѓаните ги купуваат од странство, а потоа државата не ги рефундира скапите медикаменти кои често пати знаат да бидат и по неколку илјади евра.

Засегнат граѓанин чија дете е болно од рак и има потреба од скапа терапија, неможел да го купи лекот во Република Македонија, бидејќи го немаат набавено. Истиот како што пишува морал да го купи во Хрватска за цена од 1000 евра, кога испратил барање до Фондот за здравство за рефундирање на средствата бил одбиен.

Власта одвојува средства за нови функции, но пари за лекови нема!

Собранието наместо досегашните три да добие пет потпретседатели. Тоа се двајца функционери кои од државата ќе земаат над 1300 евра плата и ќе ги уживаат привилегиите за наплаќање на патни трошоци по нереални суми, книжејќи илјадници евра на своите приватни сметки.

Вкупниот месечен трошок за еден потпретседател на Собранието на РМ по основ на плата, асистент, секретарка, возач, гориво, репрезентации и други трошоци изнесува околу 225.000 денари или приближно 4000 евра. За двајцата нови потпретседатели кои власта има намера да ги воведе, тоа се дополнителни скоро 8000 евра месечно пари на граѓаните кои наместо како инвестиција во болници, училишта и инфраструктура секој месец ќе завршуваат за намирување на потребите на новите потпретседатели.

Државата има по 8000 евра плус секој месец за новите потпретседатели, но нема за набавка на неопходните лекови на позитивна листа. Лекови кои поради неодговорноста на државата граѓаните се принудени да ги купуваат на приватно, трошејќи илјадници евра, без притоа да им бидат рефундирани од страна на фондот.

ВМРО-ДПМНЕ предупреди, власта не реагира!

ВМРО-ДПМНЕ уште во ноември минатата година предупреди дека пациентите болни од ретки болести се соочуваат со недостаток на лекови.

– Пациентите болни од ретките болести како цистична фиброза, скапите лекови се принудени да ги набавуваат од странство на сопствена сметка, додека оние кои немаат средства да ги набават овие скапи лекови се оставени да преживуваат без нив, напишаа во соопштението од партијата.

„Скандалозно е Министерството за здравство во 21 век да не може да обезбеди нормален дотур на медикаменти неопходни за животот на луѓето болни од цистична фиброза.“, потенцираа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта си поигрува со животите на болните. 6 месеци здравството е во хаос. Нема лекови ни за биолошко лекување на рак, кои пациентите исто така се принудени да ги снабдуваат приватно. Во здравството владее општ хаос, а нема никаква реакција од владата. Владата и е побитно да се задолжува за една милијарда евра и да ги пренасочува средствата за зголемување на патните и дневни расходи, отколку здравјето на луѓето.“, напишаа од партијата.

Коронавирус