понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 153
home Вести

Градоначалникот шверцер Стојчев имал бугарски пасош

Градоначалникот шверцер Стојчев имал бугарски пасош

Апелацискиот суд во Штип во јули годинава ја прифатил жалбата на Вишото јавно обвинителство кое приговарало на одлуката на струмичкот суд да му биде укинат притворот на градоначалникот шверцер Боро Стојчев од Ново Село, меѓу другото и поради фактот дека тој поседува бугарски пасош, пренесе Макфакс.

Судот му определил притвор на градоначалникот бидејќи постоеле околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство. „Обвинетиот Б. С. поседува бугарска патна исправа, има сестри во странство – во Ш., во текот на месец февруари и март 2018 година обвинетиот патувал во Ш. од една страна, а од друга, пак, имајќи го предвид карактерот на кривичното дело што му се става на товар на обвинетиот во смисла на тоа дека тој заедно со останатите обвинети се обидел да криумчари – да пренесе стока (цигари) на илегален премин во Р.Б, повеќе од очигледно е дека доколку обвинетиот биде пуштен на слобода постои опасност да побегне и на тој начин да го осуети понатамошното успешно водење на кривичната постапка“, пишува во одлуката на штипска Апелација, пренесе порталот.

Вчера СДСМ побара од градоначалникот Стојчев сам да поднесе оставка од градоначалничката позиција.

Коронавирус