сабота, 14. декември 2019. Вести денес: 18
Во живо

ВО ЖИВО: Прес-конференција на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски

home Вести

Градоначалникот Рамиз Мерко сите надлежности на општината на Струга ги отстапува на Владата

Градоначалникот Рамиз Мерко сите надлежности на општината на Струга ги отстапува на Владата

Новинската Агенција Журнал ексклузивно дознава дека градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, денеска го информирал премиерот Зоран Заев дека со намера спроведување на законите, сите надлежности на Општината на Струга за урбанистичко планирање, градежни дозволи и издавање на концесии, како и во делот на спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО, му ги предава на Владата, пишува порталот zurnal.mk

Новинската Агенција Журнал го обезбеди и писмото кое градоначалникот Мерко го има предадено на премиерот Заев.

Во ова писмо меѓу другото пишува дека имајќи ги предвид последните случувања и долгорочната кампања која се води против градот Струга и градоначалникот на оваа општина, Мерко мисли дека има само една цел а тоа е покривање на дивоградбите во градот Охрид и опасноста која доаѓа со одземањето на статусот на Охридското Езеро од Унеско.

За повеќе, прочитајте го писмото на градоначалникот Мерко испратено до премиерот Зоран Заев: