понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 25
home Вести

Градоначалникот на Заев против главниот преговарач на Заев: Неговите тези се велепредавство

Градоначалникот на Заев против главниот преговарач на Заев: Неговите тези се велепредавство

Парафразирањето на Бучковски дека Македонците и Бугарите се еден народ во две држави (ставот на соседот) и повикот до нашите историчари да излезат од рамките на историографијата на поранешната држава (НОБ, АВНОЈ и АСНОМ) се чин на велепредавство, напиша на својот профил на Фејсбук Максим Димитриевски, вели градоначалник на Куманово од редовите на СДСМ.

„Обидот на мала врата да се пласираат теориите дека за бугарската страна е прифатливо дека македонскиот народ постои од 1944 година е само потврдување на тезите дека ние сме вештачка творевина.

Ваквите изјави се спротивни на македонските национални интереси и позиции, воедно спротивни и на Уставот и неговата Преамбула која се повикува на актите на Крушевското востание, АСНОМ и Референдумот од 91ва.

Денеска во 21ви век тоа го слушаме од Бучковски, поранешен премиер исклучен од редовите на СДСМ, човек кој во партијата се обиде идеологијата да ја замени со клиентелизам, лојалност и интриги.

Како долгогодишен и активен социјалдемократ јавно се оградувам од ваквите изјави кои ги сметам за лични и погрешни и во ниту еден момент не можат да добијат суштинска поддршка од мене а верувам ниту од членството, а најмалку од јавноста“, напиша Димитриевски на својата Фејсбук страница.

Коронавирус