понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 192
home Вести

Градоначалникот на Пробиштип позитивен на коронавирусот

Градоначалникот на Пробиштип позитивен на коронавирусот

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов позитивен на коронавирусот. Тој за МИА ја потврди информацијата и вели дека од петокот не е на работното место, бидејќи ги почувствувал симптомите, веднаш се изолирал и го чекал резултатот од тестот.

Забележува дека тој и вработените во кабинетот и администрацијата комплетно ги почитувале здравствените протоколи. Анастасов утринава во статусот на социјалните мрежи ги извести жителите на Пробиштип.

-Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај почитувањето на мерките за заштита од самиот почеток на пандемијата, добив позитивен резултат за Ковид-19. Со благи симптоми, веќе сум во домашна изолација. Ве охрабрувам заедно и дисциплинирано да продолжиме во борбата против ова заедничко зло, вели Анастасов.

Според епидемиолозите во изолација заминуваат и уште шестмина вработени во Општина Пробиштип, а претходно од општинската администрација имале два случаи, кои се во изолација.

Најнови вести

Локални избори 2021