петок, 14. мај 2021. Вести денес: 147
home Вести

Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше е позитивен на Ковид-19

Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше е позитивен на Ковид-19

Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски е позитивен на Ковид-19.

– Ве известувам дека и покрај почитувањето на мерките за заштита од вирусот Ковид-19 направив тест и тестот e позитивен. Јас сум во добра состојба и ќе останам во домашна изолација. Се надевам дека не сум придонесол за понатамошно ширење на оваа зараза, напиша Куртовски на својот фејсбук-профил.

Во телефонскиот разговор, тој за МИА потврди дека е во добра здравствена состојба и оти обврските ќе ги извршува од дома.

– Се трудев максимално да ги почитувам мерките за заштита. Но, ете сепак сум се заразил. Во добра здравствена состојба сум и обврските ќе ги завршувам од дома. Чувајте се и почитувајте ги мерките за заштита, порача тој.

Куртовски, кој раководи и со Кризниот штаб, не информираше дека во општината има 12 позитивни на коронавирусот, сите во стабилна здраствена состојба и на сите им поска брзо закрепнување. Тој информира и оти осум лица се во домашна изолација.

Коронавирус