недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 4
home Вести

„Градоначалникот на Ново Село наместо подобар живот на жителите преку шверц на цигари обезбедил подобар живот на неговото семејство“

„Градоначалникот на Ново Село наместо подобар живот на жителите преку шверц на цигари обезбедил подобар живот на неговото семејство“

Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ објави пост на својот Фејсбук профил каде што пишува дека Боро Стојчев, градоначалникот на Општина Ново Село, очигледно не бил задоволен со платата на градоначалник, па затоа решил да се занимава со црн бизнис

-АЛЧНОСТА НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ, дел 2

Градоначалникот на Општина Ново Село вршел шверц на цигари!
Не, ова не е нова вест. Но, поради нејзината поврзаност со моменталните случувања, ја актуелизираме, за да се запамети. А во исто време, правиме компарација – какви квалитети поседуваат поранешните и сегашните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, а какви криминални структури се истакнати функционери од СДСМ.
Боро Стојчев, градоначалникот на Општина Ново Село, очигледно не бил задоволен со платата на градоначалник, па затоа решил да се занимава со црн бизнис. И наместо да се ангажира за реализација на неговата изборна програма, Боро Стојчев решил дека „златната доба“ од неговиот живот треба да ја посвети на шверц. Наместо да им обезбеди подобар живот на жителите на Ново Село – нешто за што е изгласан, тој направил напор да има живот за него и за неговото потесно семејство. Боро Стојчев, наместо да биде пример за почит и следење, тој стана лице кое се следи и пука од страна на полициските службеници.
И кога од една страна го имаме Боро Стојчев, а од друга кој и да е градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш ја сфаќаме разликата. Додека едните целиот мандат го посветија на напорна работа, другите од се‘ бараат бизнис интерес или рекетарски дил!
Зоран Заев знаел каков човек кандидира за градоначалник на оваа мала општина, меѓутоа тоа не претставувало пречка за поддршка на лицето кое остави црна дамка во раководењето на локалната самоуправа.
Целокупниот кадар со кој располага СДСМ е пример од кој треба да се срамиме и да избегнуваме контакт со него. Функционерите од оваа партија се сето она за кое сме мислеле дека нема да се случи. Но, за жал, овие 4 години сме заложници на рекетари, криминалци и алчници, кои безмилосно пустошат низ македонските општини, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Најнови вести

Коронавирус