петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 74
home Вести

Градоначалникот на Лозово етикетираше новинари бидејќи го прашале зошто не работи помпезно најавуваната градинка

Градоначалникот на Лозово етикетираше новинари бидејќи го прашале зошто не работи помпезно најавуваната градинка

Се редат скандалите поврзани со градоначалникот на Лозово, Ацо Велковски. Најпрво се „прослави“ со мобинг кон вработена, потоа со лажното ветување за Атиџе од „Медена земја“, но и со наградна игра во општината во која главната и се падна на неговата ќерка- електричен шпорет. Ама тоа не е се.

Последниот скандал е денешниот, односно неговото недолично однесување кон новинарите на телевизија Алфа, кои побараа телефонски одговор на прашањето зошто градинката „Срцко“ во Лозово, која беше помпезно отворена, сега не работи.

Велковски. Вие од Алфа Тв сте? Од ВМРО-ДПМНЕ, така?

Новинар: Ние не сме од партија, ние сме медиум!

Велковски: Да, да! Поддржувачи на ВМРО сте!

Зошто градинката не работи затекната беше и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. При нејзината посета во овој крај, таа се изненади од новинарско прашање за градинката:

– Јас немам информации дека новата градинка се уште не работи зато што ние како Министерство за труд и социјална политика бевме на свеченото отварање.Тоа е прва градинка во ОПштина Лозово којашто е независна од клонот на Општина свети Николе под кој припаѓаше. Станува збор за убав објект изграден по европски стандарди за сместување на деца од предучилишна возраст . немам информација дека не е почната со работа.Ќе го повериме, меѓутоа нема никаква пречка градинкат да не работи, изјави Шахпаска, вчера во Виница.

Има уште неколку прашања поврзани со детската градинка „Срцко„ на кои дополнително ќе се бара одговор од надлежните институции.

ЕУРО 2020

Македонија