недела, 9. мај 2021. Вести денес: 114
home Вести

„Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски ослободил инвеститор од плаќање комунали во висина од 2 милиони евра“

„Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски ослободил инвеститор од плаќање комунали во висина од 2 милиони евра“

Кој му дал право на градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски да ослободи, приватен инвеститор да не плати 2 милиони евра комунали?!, прашува пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска.

Како пратеник во Собранието на Република Македонија, но најнаред како граѓанин, жител на Општина Гази Баба, сериозно сум загрижена од последните случувања во Општина Гази Баба.

Граѓаните на Гази Баба со право се загрижени, прашуваат но не добиваат одговор. Прашањата на граѓаните, се и мои прашања!

Како е можно, во време на пандемија, кога покрај многуте инфраструктурни недостатоци за населените места, се потребни и финансиски средства за справување со пандемијата, градоначалникот на Општина Гази Баба бара од Советот на Општината, да ослободи приватен инвеститор од обврска за плаќање на комуналии во висина од 2 милиони евра.

Кој му дал за право, на градоначалникот Георгиевски да предлага ваква одлука? Жителите на Раштак и Брњарци немаат вода за пиење, повеќе населени места немаат фекална канализација, нема нови училишта, нови градинки, нови детски катчиња.. и кога сето ова го нема, некој сака 2 милиони евра да не влезат во буџетот на Општината.

Јавно апелирам, до градоначалникот на мојата општина Борче Георгиевски да се откаже од носењето на ваква одлука која е на штета на граѓаните, а вооедно апелирам и барам од советниците во Советот на Општина Гази Баба, особено од оние на кои на локалните избори во 2017тата година им ја дадов поддршката, да одлучат и да застанат на страната на граѓаните, гласајќи против ваква предложена одлука! Носењето на ваква одлука, ќе нанесе непоправливи последици врз буџетот на Општина Гази Баба!, пишува во својата објава Пешевска.

Коронавирус