сабота, 10. април 2021. Вести денес: 72
home Вести

Градоначалникот на Центар заразен со коронавирус

Градоначалникот на Центар заразен со коронавирус

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ  соопшти дека се заразил со коронавирусот.

-И покрај заштита за целото време на пандемијата на ковид-19, резултатот од тестот кој го направив утринава, откако почувствував покачена телесна температура е позитивен. Останувам во домашна изолација и ги следам инструкциите на лекарите, напиша тој на својот профил на Фејсбук.

Богдановиќ им порача на граѓаните да одржуваат дистанца, да носат заштитни маски и да ги почитуваат препораките на надлежните институции.

Коронавирус