сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 124
home Вести

Градоначалникот кој избрка трудна жена од работа ќе биде повторно кандидат за градоначалник (ВИДЕО)

Градоначалникот кој избрка трудна жена од работа ќе биде повторно кандидат за градоначалник (ВИДЕО)

Скандалозниот градоначалник на општината Лозово Аце Велковски е повторен кандидат за градоначалник на оваа општина.

Иако и самиот премиер Зоран Заев изјави дека да се прашувал тој ќе имало и друг кандидат, сепак одлуката била на граѓаните повторно да се кандидира скандалозниот градоначалник Велковски.

Тој стана познат во јавноста откако Виолета Спасова, поранешна вработена во Општина Лозово, којашто доби отказ, а е воедно и бремена, за Сител телевизија ја раскажа својата приказна.

Имено, таа има 14 години искуство како раководител на одделот за финансии.

Во јуни 2019 година таа останува без работа, а за нејзината голгота вели почнала со смената на општинското раководство во 2017-тата година.

Започнувајќи од февруари 2018 година и се воделе дисциплински постапки со цел да биде тргната од раководител на одделот за финансии во Општина Лозово, па како единствен вработен економист станала Виш соработник за месни заедници и справување со кризи, истакна Колева додавајќи дека против неа биле поднесени 3 дисциплински постапки и била казнета со 2 парични казни.

– Сите тие беа тенденциозни постапки, да не речам се монтираа, целта беше да стигнам до отказ, вели Спасова.

Раскажа и дека во периодот од јуни 2018 до јануари 2019 година била распоредена на работно место со сала за состаноци без никакви услови, без телефон и греење на обичен клима уред и греалка со еден грејач.

Колева рече и дека од страна на Народниот Правобранител биле констатирани дискриминација и мобинг.

Покрај се, поради континуиран притисок и вознемирување, таа во 2018 година доживеала спонтан абортус.

Судските постапки се во тек, вели таа, додавајќи дека е заглавена со судски процедури и обемни трошоци.

Таа вели дека не е единствената вработена што трпи мобинг и дискриминација од општинското раководство.

Инаку Велковски стана познат и по лотаријата организирана од општината, а главната награда – шпорет, ја доби неговата ќерка која се одлучи да го донира за семејство од социјално-ранлива категорија.

И Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска преку статус на Фејсбук и видео од мобингот направен од градоначалникот упати порака дека ова видео треба да се сподели и да не се дозволи повторно да биде реизбран.

-“ЗАСЛУГИТЕ” НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЛОЗОВО, АЦО ВЕЛКОВСКИ ЗА ДА ДОБИЕ ВТОР МАНДАТ! #Споделете

Ова е едно од многуте сведоштва на вработените во Општина Лозово, за тортурата која ја трпат од страна на градоначалникот. Покрај овој случај, целата јавност виде како градоначалникот на Лозово, остави без работа и жена трудница.

Со номинацијата за нов мандат од СДСМ, на еден градоначалник со толку јавни сведоштва за тортура, најмногу изразена врз вработени жени, СДСМ на дело покажува дека заштитата и унапредувањето на правата на жените, како и спречувањето на родовата дискриминација се само декларативни, без никакви конкретни решенија!

Граѓаните на Лозово, во октомври ќе му дадат црвен картон на СДСМ!, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Најнови вести

Локални избори 2021