петок, 4. декември 2020. Вести денес: 88
home Вести

Градоначалникот Јанчев на ручек со амбасадорот Тимоние

Градоначалникот Јанчев на ручек со амбасадорот Тимоние

По средбата со амбасадорот Бејли, градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, беше на ручек во Амбасадата на Франција со  амбасадорот Кристијан Тимоние.

Американскиот амбасадор, Џес Бејли денеска го посети Кавадарци при што разговараше со градоначалникот Митко Јанчев.

Тој во кабинетот на првиот човек на Кавадрци се задржа речи еден час, а во разговорот опфати повеќе теми од интерес за општината.

Амбасадодорот на САД во РМ ја поздрави соработката помеѓу градоначалникот на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ и мнозинството во Советот од СДСМ. Вака рече денеска по средбата со него, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, запрашан како Џес Бејли ја искоментирал политичката состојба во општината.

-Знаете, разговаравме на таа тема и е многу среќен што тоа функционира. Ми се чини дека сме единствена општина во Македонија каде функционира градоначалникот од една опција а Советот да биде од друга и да функционира како што треба без никакви опструкции во интерес на општеството. Не само овој амбасадор, сите кои имаат дојдено се задоволни поради тоа и мислам дека тоа е правиот начин и правиот пат за развивање на демократијата во Македонија. Американскиот амбасадор,  ја поддржува општина Кавадарци.

-Ни дава така голема сила и ветер во грб, за да се движиме понапред како општина, како вински регион, како економско добро развиен регион и сме со исто мислење, дека имаме добра перспектива и економска и општествена, да се развиваме како општина во подобра насока, нагласи градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Тие разговарале  на повеќе теми, општествени, економски и политички.

Коронавирус