петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 160
home Вести

„Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ работат и ги решаваат проблемите на граѓаните, СДСМ создаваше проблеми“

„Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ работат и ги решаваат проблемите на граѓаните, СДСМ создаваше проблеми“

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ работат и ги решаваат проблемите на граѓаните, СДСМ создаваше проблеми. За неполн месец колку што се градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ на чело на општините се откочија голем број на проекти и работи кои СДСМ не можат да ги реализираат цел мандат. 4 години додека беа тие ништо не се работеше и тоа е факт кој граѓаните го гледаа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо на капитални инвестиции се трошеа пари за непродуктивни набавки. Нема повеќе клупи од 300 и 500 евра во Аеродром како што имаше со СДСМ, ниту возила се плаќаат двојно поскапо како што плаќаше Шилегов.

Во Кисела Вода, Бутел и Ѓорче Перров градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ една недела го чистеа ѓубрето кое тие од СДСМ претходно го оставиле.

Во Гази Баба и Илинден се работи забрзано.

Градоначалникот на Штип и Охрид исто така работат и прават проекти за своите средини.

Секој еден градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ е на терен со народот. Ги слуша и ги решава нивните проблеми.

Посветеноста и проектите се наша одлика и граѓаните ќе сведочат за разликата со СДСМ“ – порачуваат од партијата.

Коронавирус