вторник, 20. август 2019. Вести денес: 88
home Вести

Градежни работници на +48 степени работат без престан во Скопје- надлежните инспекции се „штитат“ од сонцето под клима (ФОТО)

Градежни работници на +48 степени работат без престан во Скопје- надлежните инспекции се „штитат“ од сонцето под клима (ФОТО)

Во групата „Ѕидот на сообраќајниот срам“ се појави видео на кое се гледа како за време на топлотниот бран од кој веќе со денови е зафатена Македонија се извршуваат градежни работи без престан.

Имено како што е наведено во постот на +48 степени не се престанува со работа и копање на новата улица во Скопје Север.

Надлежните институции како и целокупната власт веќе со денови не се на терен и не преземаат ништо за заштита на работниците, напротив тие под клима седат наместо на терен, велат граѓаните преку социјалните мрежи.

-Не знаев кај да го постирам, ама морав некаде.. Ако мислите дека има каде на друго место да се постира за повеќе луѓе да го видат слободно share…СПИЕТЕ ЛИ ВИЕ ОД ВЛАСТА МИРНО НАВЕЧЕР??
Денес на ладничко сте????
..48с на сонце. 16h ..не се престанати со работа денес…греота се луѓето не се од камен… копаат за новата улица во Скопје Север, стои во постот во групата на Фејсбук.