среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 133
home Вести

Градежната експанзија на Филипче се шири како КОВИД-19

Градежната експанзија на Филипче се шири како КОВИД-19

Афери, криминал, градење на сомнителни земјишта, се дел од обвиненија на адреса на министерот за здравство Венко Филипче упатени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. И сите овие активности на Филипче се во период на пандемија со корона. Афери како „Касарната на Филипче“, „Шпанско село 2“ и сега градење на згради и објекти низ Скопје се шират како КОВИД-19 во Македонија. За ова одговор од  министерот немаСите овие афери се заташкуваат или се остава време за да се затскријат т.е. заборават?

КАСАРНА И ШПАНСКО СЕЛО

Документите објавени од Агенцијата за катастар прецизно укажуваат дека Савески, семејството на сопругата на министерот Филипче и Горан Филипов од „Синерџи“ се сопственици и сосоптвеници на 13.506 м2  во месноста Рупе под Нерези, од кои Савевски се сопственици на 6.164 m2, имот купуван од 2012 година до 2019 година. Градежно земјиште во катастарската Општина Нерези, вон град.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на 3-ти март 2020 година на прес конференција објави графичка мапа на парцелите, со бои за полесно распознавање, каде со жолто се парцелите на семејството на сопругата на Филипче, со црвено на Горан Филипов кој што е сопственик на „Синерџи Медикал“ добитник на тендери во министерството за здравство, а она што е жолто со црвено односно шарено е  заедничко на семејството на сопругата на министерот и на Филипов.

Купопродажниот договор за тие две парцели, поголемата црвената и жолтата во близина каде што сега се гради популарната касарна на Филипче, и тој документ покажува дека и ова било еден имот, со КП број 1867, и тој е заеднички купен од братот на сопругата на Филипче и од Горан Филипов, директорот на „Синерџи Медикал“.  Тука не се работи за земјоделско земјиште, како што вели министерот, туку за градежно земјиште. Тоа го покажуваат документите кои што се потврдени и донесени од Општина Карпош. Семејството на министерот добро знае дека согласно Законот за Градежно земјиште со донесувањето на урбанистичките планови, автоматски се извршува и пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно. Во конкретниов случај се донесени еден општ и еден конкретен документ со кој детално се разработува што ќе биде предмет на градба. Тоа е Архитектонско урбанистичкиот план, финансиран од инвеститорите, на нивен трошок. „Намената за градба: А4 – Времено сместување“.

„Еве ја и следната лага и манипулација. Документот АУП,  е документ од 2017 година за урбанизација финансиран од инвеститорите односно од Филипов и семејството на министерот Филипче, односно неговата сопруга. Видно од АУП-от за Катастарските парцели е дека на овие локации не е предвидено да се гради семејна куќа, каде што стои на самата табла, каде што сега заеднички се гради таканаречената касарна на Филипче. Туку  се градат 5 објекти со намена А4 – времено сместување со секој од нив со приземје, кат и поткровје и со вкупна површина за секој поединечно од 324 м2 или сите заедно 1620 м2.Еве ги предвидените објекти, според документот АУП, графичкиот прилог од кои тука е и се гради, еден е на мајката на сопругата на Филипче, а другиот на сопственикот на фирмата „Синерџи Медикал“ кој што е добитник на тендерите од министерството за  градби кои што веќе се градат и се познати како касарната на Филипче“, рече Стоилковски на својата прес конференција на 3-ти март.

Во „Шпанско село 2“, во непосредна близина на веќе објавените парцели има и парцели здружено поседувани од семејството на Филипче, односно од неговата сопруга,  сопственикот на „Синерџи“ и Директор на Клиника др. Илир Хасани. Тие заедно купиле плац запишан во Имотен лист број 1304 КО Нерези вон град со површина од 2.624 м2. Јордан Савевски, дедото на министерот Филипче, Илир Хасани директор на клиника и Горан Филипов добитници на тендерот од министерство за здравство. Седум милиони евра од институциите под надлежност на министерот Филипче во време кога тој е министер се префрлаат на фирмата „Синерџи“, односно добива тендери односно на Горан Филипов. „Синерџи“ од клиниката за трауматологија, ортопедија, реанимација, анестезија, интензивно лекување и Ургентен центар, според јавно достапните податоци во периодот кога Илир Хасани директорува, добива повеќе од 3,7 милиони евра.

ФИЛИПЧЕ ГРАДЕЖЕН ИНВЕСТИТОР

Министерот за здравство Венко Филипче се јавува како сосопственик на цела една зграда во скопско Козле. Прво станува сосопственик на семејна куќа, на атрактивна локација, со докторка од Институтот за фармакологија при Медицинскиот факултет, за потоа на местото на семејна куќа да изгради цела зграда од околу 570 метри квадратни. Според информациите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, министерот – инвеститор, ја овластува неговата докторка таа во име на двајцата да врши правна комуникација со институциите при изградбата.

-Мафијата на власт, на местото министер за здравство, во ова време на смртоносна епидемија, поставува градежен инвеститор. Мафијата на власт се уште ја држи под тепих аферата „Касарната на Филипче“ и скандалот „Шпанско село 2“ на падините на Водно, а за министерот за ширење на зарази и смрт добива уште една зграда, вели Иван Јорданов на прес конференција одржана на 23-ти септември.

„Тоа се класични лажни вести и создавање на лажна слика за која не знаеме што зборуваме. Тоа е целта на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што немаат сериозни аргументи да дискутираат. Јас не очекувам ништо друго од нив освен лажни вести и обвинувања. Не постои неврохирург во развиена западноевропска земја кој крпел глави на лидери на политички партии затоа што некој друг сакал да им го одземе животот. Такви колеги јас не сум сретнал, а ние тоа го имавме во нашиот парламент. Таква опција нема да се врати и тие ќе продолжат со лажни вести. Смешни се обвинувањата, а ние продолжуваме со сериозни политики“, истакна Филипче на својата прес конференција одржана на 4-ти март.

На сите обвинувања од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, министерот за здравство не одговара ништо конкретно, но и Јавното обвинителство не поткренува обвиненија за да ги истражи овие изнесени податоци, кои говорат дека во Скопје се случува нелегална градежна експанзија.

 

Најнови вести

Коронавирус