четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 156
home Вести

Град Скопје во одлична соработка со Сарај- дивоградбата на Матка ќе продолжи да се толерира

Град Скопје во одлична соработка со Сарај- дивоградбата на Матка ќе продолжи да се толерира

Советничката Јелена Жугиќ ја поздрави намерата на град Скопје да вклучи меморандум за соработка со Општина Сарај за изградба на улицата број 6, но во исто време таа посочи дека ова покажува дека двата субјекти имаат разбирање кое не се манифестира кога треба да се почитува законот во Матка.

-Додека му доделувате пари на градоначалникот на Сарај, ја толерирате дивоградбата и дивеењето во Матка, посочи Жугиќ.

Таа додава дека оваа лоша порака за неодговорноста на градоначалникот на Сарај се наградува поради непочитување на законот.

Од град Скопје немаа одговор на овие ставови.

Коронавирус