петок, 24. септември 2021. Вести денес: 85
home Вести

Готови лични документи ќе се издаваат и во сабота и во недела

Готови лични документи ќе се издаваат и во сабота и во недела

Одделението за управни работи Скопје ќе издава готови лични документи и за време на претстојниот викенд, соопшти МВР.

Во сабота готовите лични документи ќе се издаваат во објектот во МТВ и пунктовите Беко, Драчево, Бутел и Ѓорче Петров . Пунктовите ќе бидат отворени од 8 до 16 часот.

Во недела,готовите лични документи ќе може да се подигнат само во објектот на МТВ, и тоа од 8 до 16 часот.

Коронавирус