недела, 19. септември 2021. Вести денес: 48
home Вести

Гостиварска болница доби посебна соба за молитва за сите пациенти и медицински персонал кои што се од муслиманска вероисповед

Гостиварска болница доби посебна соба за молитва за сите пациенти и медицински персонал кои што се од муслиманска вероисповед

Сите вработени лица во болницата во Гостивар, како и сите пациенти кои што се од муслиманска вероисповед ќе може да ја користат оваа посена соба за да ги извршуваат своите верски обичаи. Директорот Јакуп Јакупи вели дека оваа иницијатива дошла токму од самиот персонал и пациентите.

– – Станува збор за неискористени простории на петти спрат во болницата и иницијативата е од активисти, граѓани, вработени и пациенти. Иницијативата не е од наша страна, ние не вложуваме ништо, имаше активисти кои го реновираа просторот и тоа ќе биде простор за молитви, каде што ќе можат и пациентите и вработените односно кој сака ќе може да оди, да се помоли и да се врати на работа, изјави Јакупи за ТВ24.

На ова реагираше докторката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ, којашто прашува дали ова треба да е приоритет на болницата и дали сите останати потреби за лекување на пациентите и за персоналот се задоволени. Дополнително вели останува дилемата дали е оправдано за време на работа да се извршуваат верски ритуали.

Коронавирус