сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 60
home Вести

Гостиварци излегуваат на протест: „За чист воздух, за живот, за стоп Русино“ во вторник од 17 часот

Гостиварци излегуваат на протест: „За чист воздух, за живот, за стоп Русино“ во вторник од 17 часот

Гостиварци уште посилно го креваат гласот по изјавата на министерот за животна средина Насер Нуредини дека Русино ќе биде депонија уште максимум 10 години.

Тие се организираат преку социјални мрежи и закажаа протест во вторник (22.09.2020) кој ќе започне во 17 часот пред објектот на Општина Гостивар.

Под мотото „Протест за чист воздух, за живот, за стоп Русино“, гостиварци сакаат да бидат гласни и слушнати за своите барања од надлежните, а кои се однесуваат на итна постапка за нова локација и рок за затворање и санација на депонијата.

Во обајавата која кружи на социјалните мрежи во врска со најавениот протест пишува дека истиот ќе се одржува мирно, без национални, верски и партиски обележја.

Коронавирус