сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 56
Во живо

Протест – „Или Заев или Македонија, оставка сега за да не биде предоцна“

home Вести

Гошев: Изјавите за недостаток од 2 милијарди евра на Заев и владата се неодговорни и можат дополнително да ја влошат состојбата во економијата

Гошев: Изјавите за недостаток од 2 милијарди евра на Заев и владата се неодговорни и можат дополнително да ја влошат состојбата во економијата

Според Петар Гошев, поранешниот гувернер на народна банка на Република Македонија, изјавите на лидерот на СДСМ Зоран Заев и претставниците на владата на СДСМ за недостасување на 2 милијарди евра од буџетот се неодговорни и можат да ја влошат состојбата во економијата во државата, укажувајќи дека ваквите нон сенс изјави мора да престанат.

Луѓето од владата и оние надвор од владата кои што се поврзани со владата треба да престанат да даваат такви недоговорни изјави. Не е возможно во месец март, кога јануари и февруари беа нормални месеци во буџетот кој што е предвиден да собере приходи од 3,6 милијарди евра за цела година да недостасуваат 2 милијарди евра. Тоа е навистина нон сенс. Такви изјави можат само да ја влошат состојбата во земјата, да произведааат паника, а тие луѓе што ги даваат тие изјави треба да знаат дека економијата фукнционира врз основа на очекувањата, дали се негативни или позитивни и тие не треба со тие озкави кои што се факт дека се неточни да функционираат во јавноста, вели Гошев, во телефонското јавување во емисијата Отворено студио на ТВ 24.

Гошев, посочи дека за тоа колку средства ќе се потреби за закрепување на економијата пред се од натамошниот развој на кризата, пред се и од времетраењето на здравствената криза.

Второ клучно прашање е висината на пари кои што тие требаа да ја обезбедат да ја закрпат оваа исклучително тешка година. Тоа не може до крај да се знае навистина колку дополнително средства недостасуваат, односно ќе се знае од натамошниот развој на кризата и ќе се знае од времетраењето, пред се мислам на здравствената криза, истакна тој.

Во однос на задолжувањето на владата, Гошев вели дека задолжувањата од 600 милиони евра се далеку од доволно, ако се земе во предвид дека владата во буџетот за 2020 година како што рече тој нормална година испланирала задолжување од 400 милиони евра.

Оние 600 милиона евра кои што ги спомнува владата, не се ништо поточно далеку од доволното. Зошто го кажувам ова? Затоа што 400 милиони евра беа предвидени со еврообрзница да има задолжување во рамките на нормалната година, она што е предвиденп во буџетот кој што го изгласа собранието, рече Гошев.

Коронавирус