сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 99
home Вести

Гошев: Ангеловска ја злоупотребила положбата за да си ги повлече парите од Еуростандард банка

Гошев: Ангеловска ја злоупотребила положбата за да си ги повлече парите од Еуростандард банка

Според поранешниот гувернер на НБ, доколку не се работи за кривично дело, тогаш се работи за етички проблем, бидејќи таа имала увид во состојбата на банката како член на Комитетот за финансиска стабилност

Поранешниот гувернер на Народната банка Петар Гошев за ТВ24 смета дека министерката за финансии Нина Ангеловска ја злоупотребила својата положба со повлекувањето на парите од Еуростандард банка, на која пред два дена Народната банка и ја одзесе лиценцата за работа.

Според Гошев таа, ако не се работи за кривично дело, тигаш има голем етички проблем, биидејќи таа имала увид во состојбата на банката како член на Комитот за финансиска стабилност.

„Таа министерка во оставка се грижела за своите пари. Јасно е дека таа ги извлекла тие пари, јасно е дека можела да има информации за состојбата на банката, за она што ја очекува банката, затоа што министрката е член на Комитетот за финансиска стабилност, Комитет формран кога јас бев гувернер. На седниците на тој комитет се расправаат слабите точки на финансискиот сектор, во случајов во банкарскиот. И таа дефинитивно имала информација за тоа што може да и се случи на оваа банка и таа како што гледаме пред два месеци ги извадила тие пари. Е сега во моментот на вадењето на нејзините пари немало формална забрана депонентите да ги извлечат парити но овде имаме искористување на положбата. Ако нема кривично дело врз основа на закон овде има голем етички проблем“,

вели Гошев за ТВ 24.

По одлуката на НБ да и ја одземе лиценцата на Еуростандард банката, се појави информацијата дека министерката за финансии Нина Ангеловска пред извесно време ги подигнала парите кои ги имала во оваа банка.

Опозицската ВМРО-ДПМНЕ побара од Ангеловска да каже дали од банката ги подигнала 250 000 евра кои според анкетниот лист ги имала во Еуростандард банка, непосредно пред одлуката на НБ, на што Ангеловска одговори дека променит во анкетниот лист се многу порано од оваа одлука и н се поврзани со неа.

Коронавирус