четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Гори твитер: Заев да не си дава оставка, нема да се најде друг што ќе каже дека Делчев е Блгарин

Гори твитер: Заев да не си дава оставка, нема да се најде друг што ќе каже дека Делчев е Блгарин

Вчера и денеска гори социјалната мрежа твитер откако Македонија не доби датум за почеток на преговорите со Европската унија. Имено, откако премиерот неколку пати изјави дека ќе даде оставка, граѓаните се со поделени мислења. никои му пишуваат да си даде оставка и да не се затскрива зад европските лидер, а пак други порачуваат да не си дава оставка бидејќи нема друг кој што ќе каже дека Гоце Делчев е Блгарин.

Има и такви кои бараат веднаш да го врати името, а некои пак се секираат бидејќи нема да знаат кога владата ќе започне сериозна пресметка со криминалното подземје и бараат веднаш да се воведат визите за Франција па да чека Макрон пред амбасадата во Париз.

Новинарот Фуркан Салиу на еден смешен начин се пошегува со СДСМ и премиерот Заев. Облечен со жолто елече давајќи изјава пред седиштето на СДСМ на Бихаќка Фуркан преку твитер му порача на премиерот дека имал десетици советници, а на ниту еден не му текнало да го советува дека треба да си облече жолт елек на состаноците со францускиот претседател Емануел Макрон.

Во продолжение прочитајте ги смешните твитови: