понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 135
home Вести

Гори нискостеблеста шума над Плетвар

Гори нискостеблеста шума над Плетвар

Пожар избувна денеска над  Плетвар, на потегот од селата Смолани и Радобил, каде гори нискостеблеста шума и трева. Жителите од окoлните села  не се во опасност, информираат за Телма од Територијалната противпожарна единица од Прилеп.

Дел од овој пожар е на пристапен терен и со интервeнција на 10 прилепски пожарникари  и 7 вработени од Македонски шуми, огнот е локализиран, а и натаму гори на  непристапен терен.

Патот на Плетвар е прооден.

Локални избори 2021