петок, 25. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Горди татковци: Ќерките на Џафери, Бејта и Димитров најдобри во земјава кога станува збор за вработување и стипендии

Горди татковци: Ќерките на Џафери, Бејта и Димитров најдобри во земјава кога станува збор за вработување и стипендии

СДСМ заедно со коалициските партнери пред да дојдат на власт ветуваа департизација и објективни критериуми за вработување. Но, сега не поминува конкурс во кој што не се вработува ќерка, син, брачен партнер, па дури и фризер некој од актуелните функционери. Или кратко кажано непотизам без срам.

Последен во низата примери е ќерката на поранешниот градоначалник на Гостивар и функционер на ДУИ, Невзат Бејта. Таа доби работа во МЕПСО каде ќе зема плата околу 600 евра. Од МЕПСО за Макфакс велат дека таа ќе работи како референт за набавки во одделот за комерцијални работи и ќе зема нето плата од 36.540 денари. Била избрана на огласот како најдобар кандидат. Улпиана Бејта, пак, пред една година била вработена на Телеком.

Во МЕПСО меѓудругото е вработена и фризерката на пратеникот од СДСМ, Александар Кирацовски.

Годинава во ЕЛЕМ државна плата доби и ќерката на првиот човек на Собранието, Талат Џафери.  Но, во јавноста имаше низа на негативни коментари пролетта кога беа вработувањата во ЕЛЕМ. Таму е вработен и синот на Мирослав Грчев. Од петти април оваа година, Бесија Џафери, ќерка на Џафери во ЕЛЕМ е вработена како референт за правни работи.

Од истиот датум пак како инженер за животна средина е вработен и Димитар Грчев, син на архитектот Грчев, кој е голем промотор и поддржувач на политиките на СДСМ, како сега така и во минатото.

Во ЕЛЕМ е вработен и сопругот на Магдалена Несторовска, државен секретар во Министерството за внатрешни работи и висок функционер во владејачката партија СДСМ.

Во ова друштво е и ќерката на министерот за надворешни работи Никола Димитров. Јана Димитрова од министерството за образование и наука добила стипендија за студии во Холандија во висина од 40 000 долари.


Јон Фрчкоски, син на професорот Љубомир Фрчкоски, кој е близок до СДСМ стана заменик директор во Јавното претпријатие за станбен и деловен простор.

Во МЕПСО ангажман има и синот на Владо Бучковски.

-Лицето Дамјан Бучковски не е вработено во МЕПСО. Бучковски има договор за определено време и е ангажиран преку Агенција за посредување на периодот од 5.9.2018 година до 31.12.2018 година, велат од МЕПСО за Фокус.

Најнови вести

Коронавирус