понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 44
home Вести

Горчлива победа во „Хилтон“

Горчлива победа во „Хилтон“

Во часовите додека се чекаа Заев и Пендаровски, со секоја наредна секунда стануваше јасно дека возот наместо напред, како што укажуваше слоганот, тргнал по удолница за поддржувачите на Пендаровски. Музика немаше ни за лек, звуци не доаѓаа ниту од хотелските лифтови. Во просторот најсвежи изгледаа вештачките цвеќиња наредени по ќошињата, пишува во својата колумна за Призма новинарот Владо Апостолов.

Пред скопски „Хилтон“ вчера најглуво беше неколку мига пред да пристигнат премиерот Зоран Заев и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. Се слушаше само звукот на автомобили што се приближуваа и веднаш потоа се губеа по булеварот кон Лисиче. Дојдоа во 23 часот, иако првично беа најавени за 8 часот и 15 минути, или како што рекоа љубезните домаќини од кампот на Пендаровски – „најкасно до осум и пол“.

Прв од црниот автомобил излезе премиерот, застана, се сврте и ги причека Пендаровски и неговата сопруга од другото возило, па заедно со уште неколку министри влегоа во хотелското бифе на петминутни консултации. Таму не седнаа.

Драматично, како на филм, наредната сцена се одигра во соседниот ходник што води кон салата. Холот беше исполнет со симпатизери „заковани“ над мобилните, кои роботски ја „рефрешираа“ веб-страницата со изборните резултати. Баш тогаш, кога пристигнаа Заев и Пендаровски, како ненадеен леден провев „прошиба“ веста дека за првпат вечерта Гордана Силјановска-Давкова води пред нивниот Стево.

„За сто гласа“, промрморе една од девојките, чија улога беше да изгледа среќна на бината под слоганот „Заедно напред“.

Целата колумна на новинарот Владо Апостолов објавена во Призма ТУКА: