вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 157
home Вести

Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими и Живко Мукаетов ќе се одликуваат со Орден за заслуги

Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими и Живко Мукаетов ќе се одликуваат со Орден за заслуги

Претседателот Стево Пендаровски, утре на свеченост во Кабинетот на Претседателот ќе ги одликува Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов и Ремзи Несими, постхумно, и Живко Мукаетов со Орден за заслуги за Македонија.

Горан Стефановски постхумно се одликува за исклучителен и неповторлив придонес во континуитетот и во осoвременувањето на книжевното културно наследство.

Зафир Хаџиманов постхумно се одликува за огромниот придонес во специфичниот полижанровски развој во сферата на уметничкото творештво.

Ремзи Несими постхумно се одликува за неговиот траен придонес во филолошките науки и албанологијата во Македонија и во светот воопшто.

Живко Мукаетов се одликува за професионалните стандарди во фармацевтската индустрија и за неговата филантропска култура и општествена одговорност.

Коронавирус